И Карпош ќе субвенционира купување велосипеди
И жителите на Карпош ќе добиваат субвенции за купување велосипеди. Советниците на општината Карпош ја изгласаа предлог-одлуката за давање согласност за распишување јавен оглас и спроведување постапка за одобрување на субвенциите. Според оваа одлука ќе се субвенционира максимален износ од три илјади денари, сума што ќе претставува финансиска помош за купување нов велосипед по принципот „прв пријавен, прв услужен“....
Пионерските титули за Вардар и за Металург
Пионерите на Вардар и пионерките на Металург се државни ракометни шампиони за сезоната 2017/2018, откако завршија како победници на фајналфор-турнирите одиграни викендов во спортскиот центар „Кале“ во Скопје и во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола. Во финалните мечеви, пионерите на Вардар го победија Аеродром со 27-20, а пионерките на Металург беа подобри од Пелистер со 22-13.
Во натпреварите за...
Долговите за вода ќе може да се платат без камата
Снежана Калабакова
Физичките и правните лица што имаат ненамирени сметки за вода можат да здивнат, бидејќи заостанатиот долг ќе можат да го платат на рати и без да платат камата. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ веќе објави информација на својата веб-страница и сите заинтересирани граѓани и правни лица ќе можат да склучат договори за отплата на долгот до 15 мај...
Две нови фудбалски натпреварувања вредни 25 милијарди долари?
Според некои најави, тоа би биле клупското Светско првенство со 24 тима (сега се игра со седум) и Лига на нациите како замена за сегашниот Куп на конфедерациите
Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да се здружи со инвеститори што наводно се подготвени да вложат 25 милијарди долари во 12-годишен договор за организирање два нови големи турнира, објави „Фајнаншел тајмс“.
Подготовките за...
Органската храна е чист дар од природата
Органските производи се одгледани на незагадена почва и произведени се со методи што не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Начинот на производство на органска храна е законски регулиран и редовно контролиран за да се обезбеди дека производите се безбедни и не содржат штетни материи. Со тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна...
Репортери без граници: Омразата кон новинарите е закана за демократијата
Македонија, според Индексот на слобода за медиуми во светот за 2018 на Репортери без граници се наоѓа на 109 место, што е скок за две позиции од минатата година кога била на 111 место.
Од балканските земји, најдобро позициониран е Кипар на 25 место, Словенија е на 32-то, Хрватска на 69-то, Романија е на 44-то, Грција на 74-то, по неа...
Стефановски е пред нов европски предизвик
Во ТЦР-шампионатот на кружни патеки што почнува на 6 мај, Стефановски ќе се
натпреварува со возилото „хјундаи И30“. Лани во првенството ЕТЦЦ Стефановски беше четврти, а во 2014 и во 2015 година тој беше европски првак на ридски патеки
Натпреварите во рамките на Европскиот ТЦР-шампионат на кружни патеки е новиот предизвик за македонскиот автомобилист, Игор Стефановски- Иџе, со возилото „хјундаи И30“.
-...
Во трка за титулата се фудбалери од 27 земји од три континента
Најмногу има Шпанци, 15, има вкупно 15 земји со по еден претставник меѓу полуфиналистите на ЛШ, Ливерпул има најинтернационален состав со фудбалери од 13 земји...
Фудбалери од 27 земји од три континента има во четирите полуфиналисти сезонава во Лигата на шампионите (ЛШ). Секако, најмногубројни се европските земји, вкупно 18, со четири земји е застапена Африка (Египет, Мароко, Камерун и Сенегал)...
Камионџии помогнаа да се спречи обид за самоубиство во САД
Полицијата во американската сојузна држава Мичиген спречи самоубиство од надвозник на автопатот 696, благодарение на солидарноста на локалните камионџии, кои се паркираа под надвозникот за да го ублажат падот.
Полицијата морала бргу да реагира откако добиле дојава дека човек стои на надвозникот и се заканува со самоубиство. Полицајците повикале група локални камионџии, кои се паркирале под надвозникот, со што значително ја...
Барди го спасува Леванте
Со два спектакуларни гола од слободен удар за две минути македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди речиси го спаси шпанскиот прволигаш Леванте од испаѓање од лигата и влезе во фокусот на вниманието во таа земја поради тоа што и во светот е реткост на ваков начин во толку краток период некој да постигне два гола. Леванте го победи Атлетик со...







































