Мечката што ужива во летото е хит на Интернет
Мечка најде спас од летните горештини во дворот на Марк Хоуф во јужна Калифорнија, каде што влезе во џакузи, пиеше коктел маргарита што беше оставен во близина, за потоа мирно да излезе надвор, без да направи штета.
Американецот кој ја затекнал неочекуваната глетка во неговиот двор, ја снимил мечката, со што видеото го привлече вниманието на светските медиуми и стана...
ЕК ќе го проверува договорот меѓу Меркел и Зехофер
Европската комисија соопшти дека ќе го анализира договорот што синоќа го постигнаа Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој предвидува отворање центри за мигранти на територијата на Германија. Извори во ЕК соопштија дека правилата на ЕУ за баратели на азил дозволуваат создавање транзитни зони во државите-членки...
УХМР предупредува: Попладне пороен дожд и грмежи
Управата за хидрометеоролошки работи за попладне во северните и источните делови од државата најавува ретка појава на локален дожд и грмежи со услови за појава на град.
Во Скопската котлина попладне се очекува локален пороен дожд и грмежи.
До петок времето ќе биде сончево и топло, а веќе за викендот се очекуваат пороен дожд и грмежи. Локално можни се поинтензивни процеси...
Земјотрес почувствуван во Македонија
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Албанија.
Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора, во Косово, во Србија и во Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил северно од Драч, на длабочина од 10 километри.
Додај ми ја топката на англиски
Во Белгија сѐ е поделено според јазичните линии - од политичките партии и училиштата, па сѐ до магазините и весниците. Земјата исто така има голем број мигранти на кои мајчин јазик не им е ниту холандскиот ниту францускиот, па затоа англискиот може да се употреби за нивно интегрирање
Јазикот е многу важен дел од играњето фудбал, при што тренерите им...
Убиен синот на лидерот на ИД
Синот на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади е убиен во сирискиот град Хомс, во пресметка со сириските безбедносни сили, јавија медиумите блиски до терористичката организација.
Хутаифа ел Бадри, кого го нарекуваат „синот на калифатот“, загинал во операција против сириски и руски сили кај термоелектраната во Хомс.
Агенцијата Амак, која е блиска до џихадистите, не прецизира кога бил убие синот...
Судар на товарно возило и работна машина кај Штипска клучка
Едно лице е тешко повредено во судир на товарно возило и работна машина, што се случил вчера попладне кај Штипска клучка на регионалниот пат Велес-село Мамутчево.
Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се судриле товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (27) од село Сушево, општина Василево, и работна машина „Тома Винковиќ“ со велешки регистарски ознаки,...
Судењето за смртта на Тамара одложено поради подготовка на одбраната
Судењето во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес е одложено за 17 септември, за двајца од вкупно 12 обвинети да ја подготват одбраната и да се запознаат со записниците.
Судијата Марин Станевски на обвинетите Маја Парнарџиева – Змејкова и Шабан Мемети на денешното рочиште им го достави обвинителниот предлог за тие да ја подготват одбраната.
На денешното рочиште не присуствуваше...






































