Анулиран грчкиот геноцид врз Македонците

Поранешниот дипломат Ристо Никовски во пообемен текст за „Нова Македонија“ се осврнува потемелно на договорот за надминување на разликата за името со Грција. Неговите ставови за овој договор досега ги изнесувал во повеќе текстови, во телевизиски дебати и во интервјуа, но во текстовите што ги објавуваме во четири продолженија прави детална анализа. Насловите се редакциски Овие договори не ги затвораа...

Починат тетовец по пад од кран во Порој

Тетовецот Р.Б.(67) починал вчера нешто по 16 часот откако претходно околу 14 часот и 30 минути паднал од лопата на кран додека заварувал во круг на приватна фирма во Порој, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.  Според неговите податоци, сега починатиот бил влезен во лопатата на кранот и заварувал цевки од бетонска пумпа по што од извесна висина...

Заев: Гордост е да се биде војник во земја членка на НАТО

Да се биде војник во земја членка на Алијансата значи да се работи во многу подобри услови, по стандарди на сојузниците од НАТО. Како војници треба да бидете горди што ќе бидете првата генерација која ќе служи на својата земја како земја членка на НАТО, порача денеска премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод приемот на 125 професионални војници во...

Во Прилеп се гради центар за чување податоци од национален интерес

Информацискиот центар ќе овозможи зачувување податоци за целосно обновување во случај на катастрофа, како и за развивање политики и планови со кои ќе се поддржи обновувањето на системот во случај на губење податоци поради природна или катастрофа предизвикана од човечки фактор Во Прилеп започна да се гради информатички центар за обновување по катастрофи и обезбедување континуитет во работата. Центарот се...

Усвоен Стратегискиот одбранбен преглед

Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави вчера вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која информира дека вчера на владината седница бил усвоен Стратегискиот одбранбен преглед. Министерката Шекеринска напомена дека на церемонија во Брисел на самитот што е закажан за 11 и 12...

Продолжува протестот на вработени од „Еурокомпозит“ пред Владата

Вработените од „Еурокомпозит“ нема да го прекинат протестот пред Владата и покрај одлуката од вчерашната владината седница за линеарна исплата на нивните примања, со половина од позајмицата од шест милиони денари, што треба да се обезбеди од ЕЛЕМ и МЕПСО, вели претседателот на синдикатот на вработените Роберт Богданоски. Тие од вчера поставија шатори спроти Владата, барајќи решавање на статусот на...

Бертолини: Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија, рече денеска Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поголема безбедност на храната, што се спроведуваше изминатите 18 месеци со италијанска помош. Бертолини истакна дека иако засега такви проекти и планови нема, не е...

Парафискалните давачки експоненцијално растат

Во држава што се промовира дека има рамни даноци, неопходно е вкупните давачки кон јавниот сектор да останат само во рамките на тие даноци. Намалувањето, рационализацијата или можеби целосното елиминирање на неданочните и парафискалните давачки е неопходен процес, за создавање поволен деловен амбиент во Република Македонија Недостигаат конкретни податоци и увид во точните давачки што ги имаат компаниите кон разни...

Николовски: Нема проблем со откупот на лубениците

Нема никаков застој во откупот на лубениците. Дневно се преземаат по 500 тони, а наши екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поефикасни контроли во делот на безбедноста на храната, Николовски напомена дека ако за...