Делови од Центар и Студеничани без вода

Поради водоводен уличен дефект на цевка Ф 100 мм на ул. „Костурски Херои“ бр. 6, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од ул. „Костурски Херои“ во општина Центар од 8.30 часот до завршување на работите. Од РЦУК известуваат и дека поради чистење и хлорирање на резервоар Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување...

Боите на Бурано

Фотографиите на Тања де Паскалис го покажуваат шармот на италијанскиот остров Бурано во Венецијанската лагуна. Фотографката од Милано ги прикажа живописните фасади, порти и канали на островот кои ги привлекуваат туристите од целиот свет.

ЕУ, Мексико и Канада без царини при увоз на алуминиум и челик во САД до јуни

САД одлучија Европската унија, Канада и Мексико до 1 јуни да бидат изземени од царините за увоз на челик и алуминиум, соопшти Белата куќа. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и со ЕУ за 30 денови. – Во тие преговори администрацијата останува фокусирана на квоти што ќе ограничат увоз и ќе се зачува националната...

Салах е најдобар во Премиер-лигата и според англиските новинари

Мохамед Салах од Ливерпул беше избран за „Играч на годината“ во изборот на англиската асоцијација на фудбалски новинари. Ова тело брои повеќе од 400 членови, а египетскиот играч, кој ја игра сезоната на својот живот во Ливерпул и е на прагот од пласман во финалето на Лигата на шампионите, е првиот играч од оваа африканска земја кој ќе ја добие...

Во Египет затворени автопатишта поради песочна бура

Поради песочна бура што погоди делови од Египет затворени се автопатиштата во јужните провинции. Песочната бура уследи по обилните дождови во Каиро и другите делови на земјата. Песокот и прашината ја ограничуваат видливоста, а според прогнозите слични временски услови ќе има до четврток. Минатонеделните обилни дождови предизвикаа поплави во Каиро и други делови на Египет, при што под вода беа патиштата...

Промоција на романот „Еретички писма“ од Стефан Марковски на годинешниот Саем на книга

Во издание на Издавачкиот центар „Три“ деновиве излезе од печат романот „Еретички писма“, со поднаслов „Наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски. Промотор на романот е универзитетскиот професор, теоретичар, лингвист и писател проф. д-р Димитар Пандев, а промоцијата е закажана за 4 мај (петок) во 17 часот на штандот на Издавачкиот центар „Три“ . - Романот „Еретички писма“...

Американски милионер открива траги за пронаоѓање на неговото закопано богатство

Милионерот и трговец со уменички дела, Форест Фен (87), тврди дека околу 350 илјади луѓе досега, безуспешно се обиделе да го пронајдат богатството кое тој го закопал во Карпестите Планини во САД, во 2010 година. Потрагата повторно е засилена, откако телевизијата Си-ен-би-си сними документарен филм за невообичаената приказна. Според Фен, богатството е закопано некаде помеѓу Санта Фе, во Ново...

Шекеринска-Матис: САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО

Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата. Ова беше речено на официјалната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Пентагон. Како што соопшти Министерството за одбрана, Матис на почетокот од...

Мун: ОН да помогне за проверки на Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин побара денеска од ОН да помогнат во проверките за планираното затворање на севернокорејскиот полигон за нуклеарни тестови. Мун барањето го упатил во разговор со генералниот серкетар на ОН, Антонио Гутереш, јави Јонхап. Пјонгјанг вети затворање на полигонот за нуклеарни проби во Пунгје за да гарантира транспарентно своја посветеност за прекин на сите нуклеарни и ракетни проби.

Најмалку 37 загинати во самоубиствени напади во Нигерија

Во два самоубиствени напади во џамија и на пазар во градот Муби, североисточна Нигерија загинаа најмалку 37 луѓе. - Пренесовме десетици убиени и повредени во болница, а спасувачката операција продолжува. Се уште е тешко да се утврди точниот број на жртви, бидејќи се уште ги евакуираме. Тука е хаос, изјави спасувачот Хабу Салех. Според очевидци млад маж, кој на себе имал...