Во пулската Арена денеска наместо филмови, ќе се гледа фудбал

Финалето од Мундијалот 2018 меѓу Хрватска и Франција ќе биде пренесувано во Арената во градот Пула. Градоначалникот на хрватското туристичко гратче Борис Милетиќ и им се заблагодари на Министерството за култура и Филмскиот фестивал во Пула кои одобрија, наместо филмови денес да се прикажува фудбал во живо од Москва. За Хрватите денешниот натпревар (17 часот) е историски, бидејќи тие за...

Намалена смртноста на новороденчињата

Од 26 на 17 проценти е намалена смртноста на новороденчињата во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период минатата година. Македонија во моментов има регионален рекорд на преживеано новороденче родено во 23. недела и три дена. На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека од вкупно 82 предвремено родени, починати...

Анкета: Нова демократија со предност пред Сириза

Главната опозициска партија во Грција има осум проценти предност пред владејачката левичарска партија, покажа најново истражување на јавното мислење објавено во „Весникот на уредниците“. Истражувањето, спроведено од „ПроРата“, покажа дека ако сега се одржат избори, Нова демократија ќе добие 35 отсто од гласовите, наспроти 27 проценти кои би гласале за Сириза. Централно-левичарското Движење за промени би добило 14 отсто, а следуваат...

Коѕијас: Договорот без проблеми ќе помине во грчкиот парламент

Убеденост дека Договорот од Преспа без проблеми ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот парламент, па дури и од некои од Независни Грци, изразува шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. - Договорот со Северна Македонија, во секој случај ќе помине во Парламентот. Но, сакам да го разјаснам следното: се стремиме кон...

Украинец почина во Турција откако беше претепан од Русин за време на натпреварот Хрватска – Русија

Еден граѓанин на Украина починал во Анталија, откако бил претепан од руски насилници. Украинскиот турист од Запорожје една недела беше во кома. Како што објавија од „Интерфакс-Украина“, жител на Запорожје почина во сабота околу 10 часот. Украинецот претрпел сериозни повреди откако пред хотелот во градот Аланија, провинција Анталија, бил претепан од руски државјанин. Според информации, конфликтот меѓу украинскиот државјанин и...

Франција или Хрватска?

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал, Франција или Хрватска? Кој ќе го подигне славеничкиот пехар во Москва? Тоа е најчестото прашање кое сега сe поставува меѓу љубителите на фудбалот ширум светот. Одговорот ќе биде познат по денешниот финален натпревар кој започнува во 17 часот на стадионот „Лужники“ во Москва. Размислувања се различни, некој ја фаворизираат Франција, некои Хрватска, најпријатното изненадување...

Ахмети: Можно е законот за јазици и Договорот со Грција да стапат во сила заедно

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус“ изјави дека се работи на стратегија чија цел е конечно да стапи во сила законот за јазиците, а непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов го оценува како негова голема грешка. - Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во...

Скопје ќе донира „пајаци“ на Охрид и Штип

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе донираат специјално возило „пајак“ на Охрид и Штип. Донацијата за општина Охрид се состои од специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес, произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година. Донацијата за општина Штип ќе биде наменета за Јавното претпријатие за одржување на улици и патишта и...

Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Пет лица ноќеска, во  2:50 часот, физички го нападнале  Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар. Како што информира МВР, нападот се случил на  улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата...

Меј: Трамп ме советуваше да ја тужам ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската унија во рамките на стратегијата за Брегзит. - Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ, а не да преговарам - изјави Меј за Би-Би-Си. Трамп во петокот на заедничката прес-конференција со Меј рече дека на британската премиерка и дал предлог, не прецизирајќи...