Лажните вести се оружје на терористите
Мора да се изгради повторно доверба меѓу граѓаните низ цела Европа дека институциите функционираат добро, предупредуваат експертите
Лажните вести се алатка на терористите и тиe ја зголемуваат опасноста од дејствувањето на тероризмот, па токму затоа државите треба да го спречат овој феномен и да се борат против дезинформациите. Ваков заклучок неодамна на научна конференција на НАТО во Македонија, изнесе Мириам...
Санирање на сите детски игралишта во општина Аеродром
Општина Аеродром денеска ја почнува пролетната акција за санација на детските и спортските игралишта, како и на клупите, кантите и другата урбана опрема на нејзина територија.
Од општината информираат, дека наредните денови ќе бидат опфатени сите игралишта, според претходно утврден план и динамика.
Одржувањето на детските игралишта ќе почне од населбата Мичурин, санацијата на спортските игралишта ќе започне од населбата Ново...
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати и нови вработувања
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.845.629.963 денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува...
Приказната позади славната фотографија на Ајнштајн
Најпознатата фотографија на 20-от век е онаа на славниот физичар Алберт Ајнштајн, каде е прикажан со исплазен јазик, всушност станува збор за автентична фотографија, а не за монтажа.
Таа е снимена на 14 март 1951 година на забавата во Универзитетот Принстон по повод неговиот 72 роденден.
На коктелот на кој имало голем број гости, но фотографи Ајнштајн се дружел и постојано...
Најмалку 500 албански полицајци одбиваат контрола
Најмалку 500 албански полицајци одбиле да подлежат на процесот на контрола која треба да утврди дали се дел од корумпирани структури или не, и ја напуштиле службата.
- Недела пред истекот на рокот за предавања на формуларите што ги добија сите полицајци во земјата, самоволно работата ја напуштија 500 полициски службеници. Нашата статистика потврдува дека околу осум илјади или...
Димитров и Коѕијас на квадрилатерален состанок во Солун
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, утре и задутре треба да учествуваат на квадрилатералниот состанок во Солун.
Двајцата министри в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.
Од Министерството за надворешни работи не прецизираат дали е превидена билатерална...
ЕУ бара докази од Нетанјаху за иранската нуклеарна програма
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека израелскиот премиер не докажал дека Иран го крши договорот за нуклеарната програма од 2015 година
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не докажал дека Иран го крши договорот за нуклеарната програма од 2015 година. Нетанјаху претходно на голема прес-конференција изјави дека неговата влада има „половина тон“...
СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто
Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи, прогнозира дека растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента.
Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.
Со проекцијата на СБ за следната година се предвидува раст...
Измамници ограбиле постари лица во Аеродром и Карпош
Постара жена била ограбена од момче на возраст над 20 години во скопски Аеродром, соопшти полицијата.
Според истиот извор, вчера во 15:30 часот Е.К.Ф.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои предходно ги извадила...







































