Самит Трамп – Путин во Хелсинки
Самитот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи денеска во финската Претседателска палата во Хелсинки.
Тоа е зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.
Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саули Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости. Пред самитот, тој официјално ќе...
Американската компанија „Дура“ почнува со изградба на фабрика во Бунарџик
Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје фрнрдкс ќе почне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања во саботата вечер во Велес на прослава по повод поканата за членство во...
Завршни зборови на одбраната за „Труст“
На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој осомничени се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, ќе бидат изнесени завршните зборови на одбраната.
Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин.
Обвинителството даде алтернативно барање, доколку...
Сончево и топло
Претежно сончево и топло, само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 35 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и...
Дешам по стапките на Загало и Бекенбауер со титула светски шампион како играч и тренер
Дидие Дешам стана трет човек во историјата што успеал да го освои Светското првенство како фудбалер и како тренер.
Како играч Дешам го освои златниот медал дома на СП 1998, а 20 години подоцна како селектор ја доведе Франција до трофејот.
Пред Дешам само двајцата тренери го имаат ова достигнување. Тоа се Бразилецот Марио Загало (како играч - во 1958 и...
Трамп до медиумите: Да ми ја дадат Москва, ќе го баравте Санкт Петербург
Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот".
- На пат за Хелсинки, Финска - со нетрпение ја очекувам утрешната средба со претседателот Путин - напиша...
Ѓоковиќ: Прекрасно е да се подигне пехарот додека слушаш тато, тато
Четирикратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, по денешниот триумф во Лондон, изјави дека е прекрасно да се подигне пехарот додека слуша тато, тато.
- За првпат во животот подигам трофеј, а постои некој кој вика тато, тато. Да, тоа е тоа дете таму. Не можеше да го гледа мечот затоа што има помалку од пет години, но сега е тука...
Најмалку десет убиени при самоубиствен напад во Кабул
Бомбаш-самоубиец денеска се разнесе во близина на зградата на Министерството за рурална обнова и развој во главниот град на Авганистан, Кабул.
Сè уште нема точни податоци колку лица загинале, но, според каналот „Толо вести“, тие се околу 10.
Портпаролот на министерството, Фаридун Азханд изјави дека бомбата експлодирала во време кога вработените ја напуштиле зградата околу...
Ердоган: Во Турција ќе исчезне секоја клетка на ФЕТО
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Турција ќе ја избрише секоја клетка на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), која е обвинувана дека стои зад обидот за преврат во земјата, извршен на денешен ден пред две години.
Ердоган говореше по приемот во претседателската палата Бештепе во Анкара, на кој присуствуваа блиски на загинатите и учесници во отпорот против превратот....
Златната топка за Лука Модриќ
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.
Признанието за најдобар млад играч е за Килијан Мбапе од победничката француска селекција.
Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.








































