Трамп обезбеди 33 милиони долари за претседателската кампања во 2020 година
На банкарската сметка на американскиот претседател Доналд Трамп за кампањата за претседателските избори во САД во 2020 година, веќе се наоѓаат 33 милиони долари, тврди информативниот портал „Политико“.
Овие средства, што легнале на сметката на Трамп уште од крајот на јуни, односно две и пол години пред изборите, му даваат на Трамп значителна предност пред кој било друг претседателски кандидат....
Фени излегува од стечај, следува реорганизација
Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на доверители на 4. јули со која е прифатен планот за реорганизација на Фени Индустри.
Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 отсто мнозинство од доверителите.
Како што соопштија од компанијата, прифаќањето на планот значи конечно излегување на Фени Индустри од стечајот и завршување на...
Холивудски пречек за Роналдо во Торино
Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.
Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.
Италијанските медиуми известуваат дека пречекот на Роналдо пред стадионот на Јувентус бил во холивудски стил, проследен со бучава...
И до 10.000 евра штети во земјоделството од минатонеделното невреме
Привршуваат процените на штетите од невремето што минатата недела зафати повеќе региони низ Македонија. Поројниот дожд и врнежите град, според првичниот увид на терен, најмногу ги погодија градинарските култури, житата, тутунот и јаболката. Додека некои од земјоделците ги проценуваат штетите на над десет илјади евра и велат дека е крајно време да се размислува за осигурување на посевите, ресорното...
Јубилеен и спектакуларен настан
За двата јубилеја на атрактивната „Галичка свадба“, 55 години од нејзиниот почетокот, во 1963 година, и 45-то издание, викендов во одлична организација, во извонредни временски услови, на десетина локации, на присутните им беа презентирани триесетина свадбарски обичаи, проследени со изворно пеење на автентични обредни песни.
Некогашни жители и галичани по потекло ја продолжуваат вековната традиција на „Галичката свадба“, со свадбарските...
Власта славеше за НАТО, а опозицијата ликуваше
Без поголема еуфорија, со концертна музика и забава за сите викендов во Скопје но и други 14 македонски града мина прославата за поканата и почетокот на претпристапните преговори со НАТО што ги доби Македонија минатата седмица. Реакциите во јавноста, но и на социјалните мрежи, поделени околу одлуката на Владата на Македонија на овој начин да го прослави датумот за...
Село на цркви, рибари и печалбари
Од 1926 година Нивици, село во Мала Преспа, Грција, носи ново наметнато (грчко) име (Псарадес), со значење „рибари“. Денес е најубавата туристичка населба на тој дел од Преспанско Езеро
Селото Нивици (Псарадес на грчки) влезе во македонската историја. Кај ова поранешно македонско, а сега грчко село, претседателите на владите Зоран Заев и Алексис Ципрас ја потпишаа спогодбата по која Република...
Протести низ Хелсинки поради Самитот Трамп-Путин
Во Хелсинки денеска се одржуваат неколку протести поради средбата помеѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
Во паркот во близина на претседателската палата, каде ќе се одржи средбата Трамп - Путин протестираат членовите на младинското крило на финската Национална коалициска партија поради трговската политика на американскиот претседател. Тие апелираат Трамп да ја преразгледа одлуката за воведување на...
Американското разузнавање стравува од голем и разорен напад
Првиот човек на американските разузнавачки служби Ден Коутс предупреди дека заканата од сајбер-напади врз САД е сѐ поголема и оти црвената тревога повторно се вклучува, речиси две децении по нападите на 11 септември 2001 година.
- Русија, Кина, Иран и Северна Кореја секојдневно напаѓаат компјутери во федерални, државни или локални владини агенции, корпорации и академски институции - порача Коутс.
Коутс истакна...








































