Нестабилно време со дожд и грмежи најавува УХРМ за утре

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд, особено во западните и јужните делови од државата. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 34 степени. Со...

Без помошта на стотиците волонтери, спасувањето ќе беше невозможно

Зад сцената, една цела армија волонтери се грижеа за логистичка поддршка на спасувачките тимови. Таков е и случајот со Равинмарт Лулерт, која повеќе од петнаесет ноќи ги собираше униформите на спасувачите, за да ги исчисти во својата пералница Целиот свет со недели нетрпеливо го очекуваше епилогот од неверојатната приказна за спасувањето на 12-те деца и тренерот од пештерата во Тајланд....

Пронајден мртов маж во центарот на Прилеп

Утрово околу 6 часот во центарот на Прилеп, во близина на Меморијалниот музеј „11 Октомври“ било пронајдено мртвото тело на прилепчанец на возраст околу 30 години. Според првичните информации починатото лице било пронајдено како лежи покрај една клупа во блискиот парк. На лице место веднаш е излезена екипата на Итна Помош Прилеп која само ја констатирала смртта на починатиот. Врз телото немало...

Во Прилеп во изминатите 24 часа наврнал најмногу дожд

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Прилеп, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 13 литри на метар квадратен. Врнежи имало и во Ѓуриште - шест литри, Тетово, пет во Тополчани, Крушево и Пожаране, четири литри во Скопје-Зајчев Рид и Маврови Анови и по два литра на квадратен метар во Скопје-Петровец, Демир Капија и Лазарополе. ОД УХМР...

Концерт на „Квартет Труби“во Прилеп

Концерт на „Квартет Труби“ ќе се одржи вечерва од 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на ФМУ Скопје, Бојан Митрески, Васко Рошков, Гоце Цоневски и Стојанче Косовски, од кои двајца се магистри по труба. На програмата се композиции од повеќе светски автори, меѓу кои Верди, Норман, Гершвин, Лунцефорд... Концертот е поддржан...

Полската вечер на „Охридско лето“ во знакот на Вроцлавски барокен ансамбл

Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи концерт на Вроцлавски барокен ансамбл, в среда во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Ќе настапат сопранот Алтона Бартник, контратенорот Пјотр Лајковски, тенорот Бенјамин Глаубиц и басот Јержи Бутрин, под диригентската палка на Анджеј Косендиак. Вроцлавскиот барокен ансамбл е основан од Анджеј Косендиак, кој во исто време...

Санирани повеќе улици во Долно и Горно Лисиче

Скопската општина Аеродром започна со санација на ударни дупки на улиците во населбите Горно и Долно Лисиче. Од локалната самоуправа информираа дека по консултација со локалните жители и земање предвид на лошата и алармантна состојба на патот во Долно Лисиче, започнати се санација и поправање на патот со пополнување на критичните ударни дупки. Станува збор за привремено решение, кое...

Од славје до безредие

Двајца навивачи на Франција загинаа вчера вечер додека го славеле освојувањето на светската титула против Хрватска. Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално. Тој го скршил вратот и починал на самото место. Во исто време, во Сен-Феликс, друг француски навивач удрил со својот автомобил во...

Посетителите секојдневно заглавени во сообраќаен хаос на Клиничкиот центар

Клинички поболен и од пациентите (3) По серијалот за лошите хигиенски услови на Клиничкиот центар и големиот број кучиња-скитници, нашиот весник се осврнува и на уште еден сериозен проблем, а тоа се сообраќајниот хаос и лошата паркинг-инфраструктура на најголемата државна болница Комплексот на Клиничкиот центар во Скопје, во кој се вклучени и голем број други институции, како Министерството за здравство, Средното...