Дисциплинска постапка против претседателот на Синдикатот во „Фени“
Дисциплинска постапка е поведена против Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во „Фени“, од страна на стечајниот управник на комбинатот во стечај. Во образложението на решението, стои дека одговорното лице во Секторот за производство пријавило дека Палитов од први до 18 април неоправдано отсуствувал од работа десет работни денови.
- Наводите во решението се неточни. Сите отсуства од работа ми се...
Таткото на невестата ќе тужи поради масовното труење на неговите гости во Грдовци
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип се уште работат на анализите по вчерашното пријавено масовно труење на осуммина свадбари.
Таткото на невестата Влатко Атанасов вели дека првиот случај на труење од неговата свадба е кај 20-годишно момче, кое во понеделникот во тешка здравствена состојба е донесено на инфективното одделение во Клиничка болница Штип, а од вторникот до вчера...
Богов: Доколку НБРМ остане без гувернер би имало сериозни негативни импликации
Димитар Богов, гувернерот на Народната банка на Република Македонија смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ.
- НБРМ има многу значајни функции во економијата, ја одржува ценовната стабилност преку...
Штајнмаер: Маркс не треба ниту да се осудува, ниту да се воздигнува
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ги повика денеска германските граѓани по повод 200 годишнината од раѓањето на филозофот Карл Маркс трезвено да се соочат со ликот и делото на германскиот теоретичар.
- Мислам дека ние Германците во годината 2018, Карл Маркс не треба ниту да го величаме, ниту да го протеруваме од историјата – рече Штајнмаер за време на расправата...
Акцијата „Здраво шампиони“ ќе обезбеди спортска опрема за 1.000 деца
Од денес официјално стартува проектот „Здраво шампиони“, со кој здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“, ќе донира бесплатна спортска опрема и бесплатни члeнарини за спортски клубови за деца кои живеат во социјален ризик.
- Проектот е наменет за сите деца од 7 до 18 години кои сакаат аматерски или професионално да се занимаваат со спорт. Пријавувањето се врши преку училиштата,...
„Тие се насекаде“ на „Смат“ ќе прозвучи на Денот на победата
Македонскиот металкор-бенд „Смат“, основоположник на овој стил во регионот, по точно пет години работа на новиот материјал, промотивно ќе го претстави пред јавноста своето петто студиско издание. Промоцијата ќе се одржи во просториите на „Пасворд плејс“, спроти италијанската амбасада во Скопје, со почеток во 20 часот токму на Денот на победата над фашизмот, 9 мај.
- Во изработката на овој...
Промоција на збирка поезија преведена од албански на македонски јазик
Во рамки на манифестацијата Недела на различности вчера беше промовирана поетската збирка „Kога љубовта се троши како креда” од Љуљзим Хазири од Гостивар, која од албански е преведена на македонски јазик. Преводот на македонски јазик е еден акт на зближување над сè на тие што пишуваат поезија и на читателите на македонски јазик и можност за зближување и комуникација...
Волонтерите на Скопски маратон ја издигаат свеста и шират солидарност
Љубинка Брашнарска е една од 450-те волонтери, кои се потребни за Скопскиот Маратон да тече беспрекорно, позитивно и полесно. Таа и сите други волонтери се клучна алка за секој маратон. Задачата на волонтерите е да им помогнат на натпреварувачите полесно и безбедно да го завршат маратонот, давајќи им инструкции за движење, додавајќи им вода, овошје и електролити, или помагајќи...
Ден полн со солзи
Во позните месеци на 1791 година непознат странец се појавил на вратата на домот на Моцарт, претставувајќи „некој“ што барал од Моцарт да напише реквием. Во тој период Моцарт не бил во најдобра психичка и здравствена состојба, но понесен од големата сума пари што ја добил со оваа нарачка, се дал во пишување со опсесивна посветеност. Се покажало, сепак,...
Ретроспективна изложба на Ѓорѓи Здравев
Ретроспективна изложба на Ѓорѓи Здравев (1941-2007) ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во КИЦ. Ќе бидат презентирани цртежи и скици за филмска, телевизиска и театарска костимографија, како и неколку костими - експонати од богатото творештво на овој реномиран уметник, костимограф, етнолог, професор.
Ѓорѓи Здравев завршил во Училиштето за применета уметност во Скопје, Академијата за применети уметности - оддел костимографија,...








































