Годишната инфлација во Венецуела изнесува 13.799 проценти

Инфлацијата во Венецуела на годишно ниво во април годинава достигна 13.779 проценти, се посочува во извештајот на венецуелскиот Парламент, единствена институција, која е под контрола на опозицијата. Во извештајот на парламентарната Комисија за финансии се истакнува дека цените во април се зголемиле за 80,1 проценти, а зголемувањето во првите четири месеци од годината е за 897,2 отсто. - Ние сме земја...

Либиската крајбрежна стража пресретна 500 мигранти

Бродови на либиската крајбрежна стража пресретнаа повеќе од 500 мигранти во четири гумени чамци кај западниот брег и ќе бидат вратини во Либија, изјави портпаролот на крејбрежната стража Ајуб Касем. Тој појасни дека крајбрежната стража пресретнала еден чамец со околу 100 мигранти, близу градот Сабрата, на 70 километри западно од Триполи. Останатите три чамци, крајбрежната стража ги пресретнала источно од...

Oбвинителот на Њујорк поднесе оставка откако 4 жени го обвинија за насилство

Ерик Шнајдерман, главниот обвинител на Њујорк поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство. Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка. Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири...

Над 1.000 луѓе ослободени од заробеништво на Боко Харам

Армијата на Нигерија соопшти дека спасила повеќе од илјада луѓе кои беа држани во заробеништво од страна на исламистичката група Боко Харам. - Меѓу заробениците најголем број се деца и жени. Тие беа држени во четири села во областа Бама, во нигериската држава Борно - изјави портпаролот на нигериската армија, Тексас Чувку. Тој додаде дека мажите биле принудени да се борат...

Во Кривичен нови рочишта за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“

Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметите „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“. Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, беше одложено за денеска, а причина за одложувањето беше е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов. Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на...

Променливо време со температура до 26 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а дневната од 18 до 26.  Во Скопје ќе биде промeнливо облачно, попладне со локален дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од...

Ѓоковиќ демантира дека Бекер се враќа во неговиот тим

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Јапонецот Кеи Нишикори на турнирот во Мадрид ги демантираше гласините дека Борис Бекер се враќа во неговиот тим. - Не, Борис и јас се разидовме и во моментов сме на различни патишта. Засега сум задоволен со тимот што го имам - истакна Ѓоковиќ. Бекер беше дел од тимот на Ѓоковиќ во периодот од...

Хамес Родригез сака да остане во Баерн Минхен

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој се наоѓа на двегодишна позајмица во Баерн Минхен, изјави дека би сакал да потпише траен договор со баварскиот клуб. Родригез минатото лето дојде како позајмица на „Алијанц арена“, но со опција Баерн да може да го откупи за 42 милиони евра. - Добро ми оди во Баерн, лигата е јака и стадионите секогаш се...

Невреме во демирхисарско, Слепче погодено од град

Доцна попладнево демирхисарскиот крај  го зафати силно невреме со врнежи од дожд и град. Во селото Слепче кое е најпогодено од невремето, врнел град којшто во еден момент го послал селото како снежна покрива. Засега нема информации за евентуални штети од временската непогода. 

Албанските власти запленија 600 илјади евра од Норвежани кои переле пари

Албанското Јавно обвинителство откри шема за перење пари на двајца норвешки државјани, кои ја избрале Албанија да „исперат“ над 800.000 евра, за кои постои сомневање дека се создадени со измама. Врз основа на докази, обвинителството од  Ове Јохансон и Јо Борген Нилсен заплени 600 илјади евра.  - Тие преку фирмата „Норвегијан голф девопемнт ас“, регистрирана во Норвешка, регистрирале и фиктивна фирма...