Април потопол за пет степени од просекот
Значително повисоки температури, за дури четири до пет степени, годинава имаше во април. Највисока темепратура е измерена во Гевгелија 31,5 и Демир Капија 30,9 степени на 24-ти минатиот месец.
- Споредено со многугодишните просечни вредности за април за период 1981-2010, температурите во април 2018 се значително повисоки, за четири до пет степени. Среднодневните температури беа повисоки во првата декада за...
Русија разочарана бидејќи САД се повлекува од иранскиот нуклеарен договор
Русија е длабоко разочарана од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
- Длабоко сме разочарани од одлуката на американскиот претседател за еднострано повлекување од договорот и враќање на американските санкции кон Иран. Исклучително сме загрижени дека САД уште еднаш дејствуваат против мислењето на повеќето земји и...
Рочиште за „Поткуп“, ќе се гледа снимката објавена на Јутјуб
На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб.
Снимката требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности.
Пред Судот во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште исказ даваше Заев.
Тој рече дека...
Почнуваат 46. Мајски оперски вечери
Со премиера на операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, вечер во Македонската опера и балет ќе почнат 46. Мајски оперски вечери. Свечено ќе бидат отворени со палење на фестивалскиот оган на платото пред МОБ, по што ќе следува новата постановка на популарната опера на Пучини.
Фестивалот годинава е во знакот на 160-годишнината од раѓањето на италијанскиот...
Три години од настаните во кумановската „Дива населба“
Денеска се навршуваат три година од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.
Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал...
Можност од нови конфликти во Турција по одлуката на Трамп за Иран
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, предизвикува опасност од создавање на нови конфликти, оцени портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.
- Едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор е одлука која предизвикува нестабилност и нови конфликти, објави Калин на Твитер.
Според него, Турција ќе продолжи решително да...
Променливо облачно, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува шест.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21...
Се зголемува бројот на презадолжени граѓани во Словенија
Бројот на презадолжени граѓани на кои им се закануваат извршители и блокирање на сметките во Словенија се зголемува секоја година, а меѓу нив не се само оние кои земале кредити на основа на швајцарскиот франк, туку и многу пензионери, покажуваат податоците од институциите кои се занимаваат со решавање на овој социјален проблем.
Словенечкиот сојуз за заштита на потрошувачите (ЗПС), кој...
„Форбс“: Си Џинпинг е највлијателен човек во светот
Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што на својата интернет-страница ја објави американското списание „Форбс“.
Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, папата...
Гутереш ги повика преостанатите земји потписнички да се придржуваат до договорот со Иран
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е многу загрижен поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Вашингтон да се повлече од Договорот за иранската нуклеарна програма и ги повика земјите потписнички на договорот да се придржуваат до преземените обврски.
- Од суштинско значење е сите грижи поврзани со примена на планот да бидат решени преку механизмот воспоставен...








































