Специјални проекции на Филозофскиот филмски фестивал

Традиционално во мај Филозофскиот филмски фестивал организира две специјални проекции - репризно прикажување на победничките филмови на фестивалот во присуство на режисерите. Љубителите на филм-филозофијата ќе имаат ретка можност за средба со добитниците на наградата „златен був“ во конкуренција на долгометражни филмови од жирито и од публиката. Проекциите се бесплатни и ќе се одржат во Кинотеката на Македонија. По...

Нормираниот учинок нема да биде услов за минимална плата

Нормираниот учинок повеќе нема да биде услов за исплата на минималната плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплатата на минималната плата за сите работници во државата. - Уставниот...

„Смрт во Венеција“ – од Ман до Висконти (1)

Во почетните две поглавја на „Смрт во Венеција“, Томас Ман, како што тој само умее, го портретира главниот лик на новелата, славниот писател Густав Ашенбах пред неговото патување во Венеција. Дознаваме, веќе на првите страници, дека Фон Ашенбах е на прагот на својот педесетти роденден, дека е црномурен, ситен, со проретчена коса на темето и очила без рамови... На...

Кинески сателит ќе ја скенира Земјата од далечина

Кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА), со помош на ракета-носач, од космодромот Таијуан во провинцијата Шанкси го лансираше сателитот Гаофен 5, наменет за далечинско сондирање на Земјата. Гаофен 5 е опремен со апаратура за хиперспектрална визуелизација и е дел од проектот за набљудување на земјината површина во висока резолуција. Една од главните задачи, меѓу останатото, ќе биде да ги лоцира изворите на...

Отворен 71. Филмски фестивал во Кан

Американскиот режисер Мартин Скорсезе и австралиската глумица Кејт Бланшет, синоќа го прогласија за отворен 71. Филмски фестивал во Кан. - Ние ја споделуваме страста кон кинематографијата, сите сме овде, за да ја славиме седмата уметност - истакна режисерот на „Таксист" и „Починатите“, кој заедно со Бланшет официјално го отворија фестивалот, кој ќе трае 12 дена. Скорсезе ја доби специјалната награда „Златна...

Палтото и измешаните музички стилови на „Ај кју“ ја збунија евровизиската публика

Љубителите на изборот за песна на Евровизија, воглавно, немаа пофални зборови за синоќешниот настап на македонските претставници „Ај кју“ (Еуе Cue) во Лисабон, судејќи според коментарите на социјалната мрежа „Твитер“. Голем дел од нив се осврнаа на изборот на облеката што ја носеа членовите на Ај кју, особено на пејачката Марија Ивановска. „Ова е чудно... Но, палтото ти е облечено наопаку“, „понекогаш...

Пенс: САД со сојузниците можат да работат на нов договор

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД можат да работат со своите сојузници на постигнување нов договор, кој „ја ограничува малигната активност на Иран и го спречува некогаш да стане нуклеарна сила“. Пенс рече дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран, кој беше потпишан во 2015, затоа што не можат да дозволат земјата да добие нуклеарно оружје. Тој тврди...

Ден на победата над фашизмот

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во...

Санкционирани 121 возило за непрописно паркирање во Скопје

Четири лица биле полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло,...

Столтенберг: Ако се реши името, НАТО ќе ја покани Македонија за членка

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вели дека ги поздравува напорите за изнаоѓање решение, а ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО. - Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат...