Нападнат наставник на прослава за полуматура во Прилеп
За време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“ синоќа во 21:00 часот во хотел во Прилеп, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.
Како што соопшти МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го...
Гази Баба и студентите од Шумарски во акција за чистење
Со акција за чистење, општината Гази Баба во соработка со студентите од Шумарскиот факултет го одбележаа Светскиот ден за заштита на животната средина.
Општинарите заедно со студентите помогнати од ЈКП „Гази Баба“ и здруженијата „Дрен“ и „Акцијаши“ по повод Светскиот ден за заштита на животната средина го расчистуваа Дендропаркот на Шумарскиот факултет.
Од Гази Баба најавуваат дека акциите за расчистување на...
Возило на авто-школа удри во мотоциклист
Дваесетгодишен мотоциклист од кичевското село Челопеци синоќа е тешко повреден откако во него удрило возило на авто-школа управувано од кандидат за возач.
Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 18:50 часот на магистралниот пат А2, патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач А.С. (18) од Кичево, во...
Центар ја руши дивата населба во Урбаниот парк
Општината Центар со асистенција на претставниците на Министерството за внатрешни работи почна да ги руши старите објекти во Урбаниот парк, во кои веќе подолг период живеат и на диво се вселени повеќе лица. Овие станари го нагрдија Урбаниот парк и во него создадоа цела населба на социјално загрозени лица, кои се занимаваат со собирање пластични шишиња. Општината Центар веќе...
Шест мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Грција
Шест лица, од кои три деца, загинаа, а десетмина други се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случи во близина на грчкиот град Кавала.
Според грчките медиуми, станува збор за илегални мигранти, веројатно од Иран, кои се превезувале со комбе во кое се наоѓале 16 лица.
Од засега непознати причини, комбето излетало од патот, се одбило од заштитниот ѕид и...
Кој сака да го демонтира НАТО?
Долгогодишните европски сојузници на САД остануваат збунети, не знаејќи како да се постават во новиот светски поредок, кој од „прво Америка“ се трансформира во „само Америка“
Одлуката на Трамп да се повлече од Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) е уште еден чекор кон демонтирањето на организацијата, формирана по Втората светска војна од страна на САД и Велика Британија. Оваа...
Бесплатните ваучери на кафеанџиите се само бизнис-трик
Сѐ уште не престануваат разговорите околу тоа треба или не треба да им се даваат бесплатни ваучери за такси на пијаните гости од скопските кафеани, се поттикнува ли на тој начин пијанењето, зошто ова го поддржа скопскиот градоначалник... Дебатата всушност доби интензитет особено затоа што на промоцијата на кампањата „Ги возиме одговорните“ се појавија градоначалникот на Скопје и претставници...
Летен саем на книгата
Летен саем на книгата започнува од денеска во Скопје, а ќе трае до 13 јуни.
Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и Скопје сити мол, каде посетителите наредните шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи. Станува збор за изданија на: Просветно...
Робот од 800 долари ќе ви ги здипли алиштата
Дали сте посакувале машина што би можела да ги испере и да ги здипли вашите алишта? Доколку ова ви звучи како одлична идеја, тогаш за вас е направата наречена Фолдимејт
Фолдимејт е робот што автоматски ги дипли алиштата. Идејата и замислата за создавање ваков уред се овозможени од истоимената американско-израелска компанија. Способноста на роботот е со голема ефикасност. Една голема...
Охрабрувачки почеток што отвора порти за автокефалност?
Досега Грчката црква ја игнорираше МПЦ-ОА, солидаризирајќи се со Српската православна црква, но имаше и ригиден став околу придавката „македонска“ во името на МПЦ. Инаку, ГПЦ и целиот блок грчки цркви во православието се против какво било признавање на МПЦ со терминот „македонска“. Меѓутоа, според ставот на аналитичарите, опцијата што ја најавува вселенскиот патријарх за признавање на МПЦ-ОА под...







































