Британија ја спречува расправата во ОН

КОСОВО Велика Британија, која од 1 август го презема претседавањето со Советот за безбедност во Обединетите нации, има намера да го спречи одржувањето на редовната седница за состојбата во Косово и Метохија, која треба да се одржи во овој месец, пишуваат „Вечерње новости“. Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вели дека е очекуван ваков однос од Велика Британија, која „не е...

Тунелот на спасот му ја смени историјата на Сараево

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Сараевскиот тунел на спасот, кој е пуштен во функција на 31 јули 1993 година, претставува еден од најзначајните културно-историски споменици од последната војна во БиХ Во Сараево вчера беше одбележана 25-годишнината од прокопувањето и пуштањето во функција на тунелот што поминува под пистата на сараевскиот аеродром, а кој за време на војната во Босна и Херцеговина служеше за...

Кичево деновиве доживува сообраќаен колапс

И покрај неколкуте паркинг-простори изградени последните неколку години, со враќањето на гастарбајтерите на летен одмор во земјава, и овие паркинзи се претесни да ги примат сите возила кои деновиве циркулираат низ Кичево, чија бројка е двојно поголема од вообичаеното во градот кој деновиве доживува сообраќаен колапс, од преголемиот број возила кои се наоѓаат на сообраќајниците. Градската инфраструктура изградена пред повеќе...

Материјално обезбедени уште 1.600 стечајци

Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница. Како што соопшти денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, опфатени со Законот ќе бидат вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени. - Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со...

Елмар Брок предлага втор референдум за Брегзит

Германскиот европратеник и близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, Елмар Брок, кој е координатор на демохристијанската група во Европскиот парламент за британското истапување од ЕУ, порача дека втор референдум за Брегзит би бил можно решение за излез од ќор-сокакот во преговорите меѓу Брисел и Лондон. Поради ризикот од напуштање на Велика Британија на ЕУ без претходно постигнат договор меѓу...

Поради печалбарите училишните дворови стануваат паркинзи

Општините Тетово и Гостивар во соработка со полицијата одлучија привремено да ги користат училишни дворови како паркинг места поради зголемениот број возила со доаѓањето на печалабрите. СВР Тетово соопшти дека како секоја година во овој период од годината, од крајот на јули се до крајот на август се зголемува интензитетот на сообраќајот. - За да се овозможи нормален и проточен...

Скапата нафта ќе ги зголеми цените на авионските карти и на хотелите

Според македонските туристички работници, овие покачувања нема да имаат никакво влијание на намалувањето на бројот на туристите, бидејќи не е некоја алармантна бројка на покачувања, а и тие што работат со дојдовниот туризам веќе ги имаат потпишано договорите за 2019 година со хотелиерите и со авиокомпаниите Порастот на цената на нафтата и вкупниот светски пораст придонесува за пораст на цените...

Жена и дете убиени во бомбашки напад во југоисточна Турција

Курдски бунтовници активирале рачно направена експлозивна направа на пат во југоисточна Турција, при што загинаа жена и дете, соопштија светските медиуми повикувајќи се на агенцијата Анадолија. Нападот се случил доцна синоќа на пат во близина на Јуксекова, округот Хакјари, кој се граничи со Иран и Ирак. Жената умрела на лице место, а нејзиниот 11-месечен син починал во болница. Тие се враќале...

Шеесет учесници на Меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски“

Шеесет членови од три планинарски друштва од Кичево, Битола и од Гевгелија, зедоа учество на вториот Меморијален планинарски марш организиран во чест на прерано починатиот планинар „Сашо Костадиноски“. ПЕД „Ендорфин“ од Кичево , го организира искачувањето на Веливрв на планината Гољак. Искачувањето започна во 7 часот наутро а планинарите се вратија на почетната точка по изминати околу 15 километри...

Рушење на дивоградбите предизвик за Тетово и Гостивар

Рушење ѕид на локација предвидена за улица во населбата Питарница од општина Гостивар беше објавено како почеток на борба против дивоградбите. Градоначалникот Арбен Таравари беше на една локација каде инвеститори кои без соодветна дозвола почнале да градат објект, сами ја рушеа градбата, оти увиделе дека ако тоа го направи општината, ќе ги чини повеќе пари. - Огромен е бројот на...