Две книги за Коле Чашуле во прилепската библиотека
Библиотеката „Борка Талески“ од Прилеп издаде две книги „Семејните библиотеки во Прилеп“ и „Коле Чашуле - библиографија“. Во првата, чии автори се Петар Петрески и Магда Василеска, пред јавноста се презентираат семејните библиотеки и старите и вредни книги што ги поседуваат нашите сограѓани. Пред читателите се претставени семејните библиотеки од 18 прилепски семејства, меѓу кои на фамилиите Алексоски, Ангелески,...
Изложба на фотографии „Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018“
Музејот на современата уметност (МСУ) од вчера до 10 јуни ќе биде домаќин на дел од програмата на Викендот на гордоста Скопје 2018, што го организираат коалицијата „Маргини“ и ЛГБТИ-центарот за поддршка. Програмата ќе почне вечерва од 21 часот во МСУ со изложба на фотографии „Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018“ на Дел Лагрејс Волкено.
- Тој е визуелен уметник,...
Бијонсе и Џеј Зи ги обновија брачните завети
Аренби-пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи, на отворањето на новата заедничка турнеја, објавија дека ги обновиле своите брачни завети, повторно застанувајќи пред олтар.
Тие на неодамнешниот концерт во стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, Велс, Велика Британија, најважната вест ја соопштија со нивна венчална фотографија во заднина, каде што и двајцата се во бело, но очигледно е дека сликата не е од...
Археопаркот „Бразда“ повторно актуелен
ПН Утре на локалитетот на паркот ќе се прикаже документарец, а ќе биде отворена и изложба за владетелската гробница
Во археопаркот „Бразда“ во близината на Скопје утре со почеток во 17 часот ќе се одбележува Европската година на културното наследство во организација на Институтот за археолошки истражувања. Предвидено е прикажување документарен филм за самиот локалитет и за неговото значење, како...
Становите нема да поевтинат
Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) ја поздравува владината одлука данокот на додадена вредност при првата продажба на становите да остане пет отсто до 2023 година и најавува продолжување на постојните, како и нови инвестиции.
Според членките на Комората простор за градење има, а цените на становите нема да се намалат, но не постои можност ниту за зголемување...
„Сексот и градот“ и по 20 години сe уште актуелна и незаменлива
Верувале или не премиерата на култната серија „Сексот и градот“ беше пред 20 години, на 6 јуни 1998 година. Сместена и снимена во Њујoрк по истоимениот бестселер на Кендис Бушел во 1997 година, серијата ги следи животите на четири вработени самостојни жени, кои се во потрага по совршената врска и оргазам.
Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, пишува...
Хаѕидакис: Владата се согласи да постои македонски јазик и македонска националност
Владата прифаќа македонски јазик и македонска националност, а тоа воопшто не е сложено име, вели потпретседателот на опозициската Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.
Хаѕидакис, ги повторува позициите на неговата партија, дека е потребно „справување со иредентизмот во Скопје, уставна ревизија и да има комплетно и конечно решение“, но упатува и критики до владата.
- Се согласуваат...
Подобро е да има повеќе квалитет, отколку повеќе настани
Вечерва почнува 53. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.
Како нов уметнички директор, што е тоа што ќе ѝ го понудите на публиката?
- Пред сѐ, сакам да потенцирам дека е фасцинантно што фестивалот трае над половина век. Иако имав кус период за организирање, сѐ беше збиено, затоа што секој фестивал се подготвува веднаш по завршувањето на постојниот, а јас сум неколку...
Тајната поврзаност на Бандерас со Пикасо
Пред Антонио Бандерас да ги избричи веѓите и косата за да го игра Пабло Пикасо - својот долгогодишен херој - веќе двапати му понудиле да го глуми. „О, да“, вели. „Двапати“.
Се потсетува на ова додека зборува за серијата „Гениј“, во продукција на Нешнел џиографик, што се снимаше во Унгарија и на Малта. Серијата беше фокусирана на Пикасо, а светот...
Промоција на две книги за хумор и сатира на Војче Китаноски во Кичево
Со почеток во 19 часот, вечерва во малата сала од Центарот за култура во Кичево, ќе бидат промовирани првите две книги од едицијата за хумор и сатира на познатиот хуморист и имитатор Војче Китаноски.
Оваа промоција ќе биде збогатена и со учество на оперските пеачи Серафина Фантаузо и Стефан Митревски и гитаристот Радован Василевски.
Се очекува на оваа промоција да присуствуваат...






































