Трамп и неговите функционери заработија тужби поради нечовечки однос кон имигранти
Граѓански здруженија во САД поднесоа тужби против претседателот Доналд Трамп и членови на неговата администрација под обвинение за нечовечки однос кон повеќе од илјада илегални имигранти во Калифорнија.
- Од 8 јуни се држат луѓе во федерални центри, на кои им се нарушени уставните права, се наведува во тужбата, поднесена од повеќе организации, меѓу кои и влијателната Американска унија за...
„Газета експрес“: Харадинај одобрил слободно движење меѓу Косово и Албанија
Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина.
Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има донесено таква одлука.
Според приштинскиот весник...
Три лица загинаа при експлозија во хидроцентрала во Бихаќ
Три лица загинаа попладнево при експлозија во хидроцентралата во Костела, во близина на босанскиот град Бихаќ, а едно лице се наоѓа во критична состојба.
Локалната полиција соопшти дека жртвите се вработени во хидроцентралата.
Засега не е позната причината за инцидентот, но се претпоставува дека станува збор за истекување на гас. Официјални информации ќе бидат соопштени по завршување на истрагата.
Во објектите на...
МВР презема мерки за денешниот инцидент во Крушево
Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа предмети кон делегациите.
- Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и...
Сочувство од „Содексо“ за убиените во Авганистан
Компанијата „Содексо“, за која работел убиениот Македонец и неговите колеги кои го изгубија животот во атентат во Кабул, изрази сочувство преку соопштение до јавноста.
Претседателот на компанијата Денис Машуел ја изрази својата „длабока тага и шокираност за оваа трагична загуба“, стои во соопштението.
Тројцата убиени во нападот во Кабул се со македонско, малезиско и индиско државјанство и тројцата работеле за „Содексо“,...
Сенатот на САД со предлог-закон за нови санкции против Русија
Група сенатори републиканци и демократи поднесоа предлог-закон, кој според нив ќе го зголеми притисокот врз Русија како одговор на мешањето на Москва во изборите на САД, како и поради нејзините активности во Сирија и агресијата во Крим.
- Сегашниот режим на санкции не успеа да ја откаже Русија од мешање во претстојните избори. Наша цел е да го промениме тоа...
Жител од Голема Речица попладнево загина во сообраќајка
Шеесет и шестгодишен жител од Голема Речица И.Б. починал попладнево околу 15.30 часот од повредите што ги добил во сообраќајна несреќа, соопшти МВР.
Управувајќи „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, И.Б. удрил во бандера на локалниот пат Пирок – Тетово кај Мала Речица. Бил пренесен во Клиничката болница Тетово каде што починал.
Полицијата работи на расчиствување на несреќата.
Борисов: Веќе се чувствува позитивен резултат во нашите односи по Договорот
Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание.
Повикувајќи се на прес-службата на бугарската Влада, Бугарската новинаска агенција-БТА пренесува дека Борисов...
МНР чека информации од Авганистан за веста за убиен македонски државјанин
Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан.
- Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, Ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за официјална информација до авганистанските институции. По...
Превртен камион на локалниот пат Желино – Јегуновце
Поради превртен камион сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце кај село Сиричино се пренасочува по локални патишта, соопшти АМСМ.





































