Шапуриќ: Без историската одлука во Смилево, ќе го немаше Илинденското востание

Денот на Републиката - 2 Август Илинден денеска беше чествуван и во Смилево каде што беа одбележани 115 години од Илинденското востание и 76 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ за ослободување на Смилево. Владината делегација, која ја предводедеше министерот без ресор задолжен за инвестиции Зоран Шапуриќ и во која беа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан...

Дојран се наполни со туристи за Илинден

Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран како што доликува за главна туристичка сезона. Туристите дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, свети Илија, да се забавуваат на уредените плажи и да го проследат концертот на Јордан Митев кој се одржа денеска точно на пладне во рамки на...

Беноа Пер во налет на гнев поради поразот искрши три рекети (видео)

Францускиот тенисер Беноа Пер доби парична казна од 16.500 долари заради непримерно однесување. Тој во три сета беше поразен од кипарскиот тенисер Маркос Багдатис на отворањето на турнирот Сити опен во Вашингтон, a пред самиот крај на натпреварот во налет на гнев поради поразот искрши три рекети. - Навистина бев вознемиерн. Меѓутоа, она што треба да се памети е дека напредувам...

Охрид преполн со туристи, се бара легло повеќе

Охрид шпицот на летната туристичка сезона го дочекува исполнет со гости, како оние што летуваат тука преку аранжмани на странски тур-оператори, така и со гости од земјата кои се тука за продолжениот празничен викенд. Оваа сезона имаше потенцијал да биде рекордна по посетеноста, сепак останува да се видат податоците кои најверојатно нема да бидат онакви какви што се очекуваа, најмногу...

Се гради музеј до пештерата каде беа заробени децата и нивниот тренер

Почна изградбата на музеј, со кој ќе се одаде почест на драматичното спасување на 12 деца и нивниот тренер и еден спасувач, кој загина во северната тајландска провинција Чианг Раи за време на спасувањето од пештерата Там Луанг. Изградбата на музејот почна со традиционална будистичка церемонија во близина на пештерата Там Луанг, во која властите побараа благослов од локалните духови. Се...

Милкоска и Цветкоски триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон во категоријата до 16 години

Пливачите Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се победниците на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во категоријата до 16 години што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро. Тие патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја испливаа за 33:35 и 34:17 минути, постигнувајќи подобри резултати од сениорите кои се натпреваруваа во категоријата од 16 години и постари, а стартуваа...

Малолетник починал на улица во Охрид

Малолетник синоќа околу 23.30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид. - Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент тој паднал на улица, а...

Разбиена најголемата педофилска мрежа во Европа и САД

Повеќе од два милиони снимки и фотографии на кои е прикажано злоставување на деца одземени се во Шпанија при претрес на 19 куќи, при што се уапсени 19 лица, соопшти денеска Европол. За време на претресот, полицијата одзела 11 лаптопи, 23 мобилни телефони, четири таблети, 11 хард дискови, седум УСБ и пет мемориски картички. За време на истрагата откриено е...

СДСМ бара оставки од директорите и уредниците на МТВ

Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија. Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за...

Иванов: Сакаме во ЕУ и НАТО, но со своето име, достоинство и чест

Македонија не е приватна сопственост за некој да тргува со неа и со нејзините вредности, не е личен имот за некој да ја распродава, не е ничија земја за секој да ја присвојува, туку му припаѓа на народот што ја создал, порача денеска од Крушево претседателот Ѓорге Иванов. Во обраќањето по повод двата Илиндена, Иванов јасно и остро го повтори...