Пет жртви на невреме на Корзика

Пет лица загинаа во несреќа која се случила за време на пешачење во кањон на францускиот остров Корзика откако бура создала огромен бран кој ги поклопил жртвите, соопштија денеска локалните власти. Инцидентот се случил во средата, а меѓу жртвите  е и едно седумгодишно девојче.  Иследникот Ерик Булард изјави дека на водичот кој исто така настрадал, други двајца водичи му советувале да...

Рускиот пијанист Николај Лугански на „Охридско лето“

По вчерашниот концерт заедно со виолинистот Сергеј Крилов и виолончелистот Александар Књазев, во   катедралната црква „Света Софија“ вечер соло ќе настапи рускиот пијанист Николај Лугански. Критичарите го опишуваат Лугански како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и на...

Пораки на Илинден за и против референдумот

Претстојниот референдум и Договорот со Грција беа доминантни во говорите на државниот врв на чествувањето на Денот на Републиката - 2 Август Илинден. Претседателот на Владата Зоран Заев од Пелинце и претседателот на Собранието Талат Џафери од Скопје испратија пораки дека тоа е единствениот пат до стратешката цел - европска и напредна Македонија. Претседателот на државата Ѓорге Иванов, пак, од...

Предложена резолуција во Сенатот за поддршка на доворот за името

Сенаторите Крис Марфи, демократ од Конектикат и Рон Џонсон, републиканец од Висконсин, предложија во Сенатот заедничка резолуција со која се поздравува и поддржува договорот за името меѓу Македонија и Грција и се изразува предупредување и загриженост поради руското мешање и обиди за негово поткопување, пренесува МИА. Во резолуцијата 602 што пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот ја претставија давјацата...

Нормализиран сообраќајот на патот Желино-Јегуновце кај Сирично

Сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце, кај село Сиричино, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања...

Коутс: Русија сака да ги ослабне и подели САД

Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата, изјави директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс на вчерашната прес конференција во Белата куќа. - Разузнавачката заедница и понатаму е вознемирена од заканите за идните избори во САД, како за изборите во Конгресот (што ќе...

Нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде нестабилно, претежно претпладне и особено во западните и јужните делови каде ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движи од 14 до 35 степени. Ув индексот ќе изнесува 6.  Во Скопје ќе биде нестабилно, а температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.  Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на...

Англиските клубови потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи

Клубовите од Премиер лигата минатата сезона потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи. Манчестер јунајтед вкупно платил најмногу, односно 23 милиони фунти за своите повредени играчи, но Арсенал со 54 повреди во текот на минатата сезона е клуб кој најчесто плаќал. Во Њукасл и Манчестер сити се регистрирани 24 повреди, а минатата сезона Брајтон имал најмногу среќа при што...

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Дел од корисниците на ул. „Капиштец“ во општина Центар утре ќе немаат струја од 8 до 16 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“. Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2 и бр. 4 во...

Заев и Борисов втора година заедно го чествуваа Илинден

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, попладнево заедно чествуваа 115 години од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Благоевград. Како што пренесе Бугарската новинаска агенција БТА, Заев во говорот искажа благодарност за поканата од Бугарија да биде дел од одбележувањето и дека денеска се одбележува и првата годишнина од потпишувањето на Договорот...