Гневот на Трамп ги доведува „грозните новинари“ во опасност
Американскиот претседател Доналд Трамп го засили нападот врз медиумите за „лажни, лажни, одвратни вести“, опишувајќи ги присутните новинари како „грозни луѓе“, на политичкиот митинг одржан во Пенсилванија, САД, пишува магазинот „Тајм“.
Нападот на Трамп врз медиумите се случи и покрај предупредувањата на Обединетите нации оти неговите постапки ги доведуваат новинарите во ризик да бидат цели на насилство.
Лидерот на САД гневно...
Воспоставен железничкиот сообраќај од Лисиче до Усје
Железничкиот сообраќај на потегот од железничката станица Лисиче до железничката станица Усје од денеска повторно се воспоставува, информираат од МЖ Танспорт АД Скопје.
Поради тоа, потенцираат, на булеварот „Борис Трајковски“ ќе има повремени застои во сообраќајот, за извлекување и поставување вагони во фабриката Усје.
Од МЖ транспорт апелираат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, за да не дојде до...
Шведската полиција уби маж кој со себе носел пиштол играчка
Шведската полиција во центарот на Стокхолм уби маж со Даунов синдром, кој со себе носел пиштол играчка, јавија локалните медиуми.
Полицијата отворила оган врз 20- годишниот Ерик Торел реагирајќи на „опасната ситуација“.
Инцидентот се случил вчера откако полицијата реагирала на дојава за маж кој има пиштол, јави Би Би Си.
Полицијата побарала од момчето да го предаде „оружејето“, но тој одбил по...
Заврши штрајкот, туристите повторно ќе можат да ја посетуваат Ајфеловата кула
Симболот на Париз, Ајфеловата кула од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако заврши 36 - часовниот штрајк на дел од вработените кои протестираа поради условите за прием на некои туристи.
- Социјалното движење на еден дел од персоналот на Друштвото за користење на Ајфиловата кула (СЕТЕ) е завршено. Ајфеловата кула ќе ги отвори своите врати за јавноста во...
Мајката на Бин Ладен проговори за саканиот син кој го загуби патот
Мајката на озлогласениот терористички лидер Осама бин Ладен, Алија Ганем, првпат зборуваше за нејзиниот син 17 години по нападите на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, осврнувајќи се на неговиот живот, како и на последиците од неговите дела, во разговорот со британски „Гардијан“ во нејзиниот дом во Џеда, Саудиска Арабија.
За Алија Ганем, некогашниот водач на...
Две возила запалени утрово во Скопје
Два автомобили рано утринава беа запален во Скопје.
Како што информира Противпожарната бригада на град Скопје, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари. Пожарот, од кој била предизвикана штета од 150.000 денари, бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот.
Второто возило било запалено на улицата „Мирослав...
Огнената стихија во Калифорнија никако да згасне
Пожарникарите во Калифорнија и понатаму се борат со огнот во близина на градот Рединг, 600 километри североисточно од Сан Франциско, а гувернерот на Калифорнира Џери Браун изјави дека на спасувачите ќе им испрати „се што ќе им треба“ за да помогне.
Уште во првиот месец од новата буџетска година, Калифорнија веќе потроши околу 130 милиони долари во борба против огнената...
Помпео: Северна Кореја е далеку од денуклеаризација
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Северна Кореја е далеку од своето ветување дека ќе изврши денуклеаризација и оти Пјонгјанг продолжува да крши многу резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Помпео додаде дека се уште постојат начини да се постигне целта - ослободување на Северна Кореја од нејзиното нуклеарно оружје.
Коментарот на Помпео уследи откако вчера беше...
Откако призна дека е ХИВ позитивен, Холивуд му сврте грб
Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, откако пред две години јавно призна дека е ХИВ позитивен, па веќе се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги - Дениз Ричардс и Брук Милер.
Шин (52), кој има две ќерки со Ричардс и два сина близнаци со Милер, тврди дека...
Во Костарика откриени и запленети два тони кокаин
Полицијата во Костарика откри и конфискува два тона кокаин скриени во четири ниско буџетни чамци, 80 наутички милји од брегот. Во акцијата уапсени се тројца мажи.
Акцијата е преземена во Пацификот по дојава на американската Крајбрежна стража и е една од најголемите заплени на кокаин на море.
Откриени се околу 2.000 пакети со по еден килограм кокаин. Дрогата била превезувана со...







































