Почнува уривањето на дивоградби во Грција
Со уривање на 61 дивоградби, кои се сметаат за опасни за јавната безбедност, грчката Влада започнува со „битката“ против нелегално изградените објекти.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на денешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас со министерот за животна средина и енергија Јоргос Статакис, било одлучено да се испратат известувања и да започне уривањето на: 27 дивоградби...
Изгоре детска градинка во Германија бидејќи пожарникарите немале вода
Изгоре детска градинка во северна Германија откако пожарникарите не успеаја да најдат вода за да го стават огнот под контрола поради сувото време и горештините, јави ДПА.
Во двата противпожарни хидранти во близина на градинката во селото Ворден, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, немало доволно вода за гаснење на огнот по неколкуте недели топло и суво време во Германија, изјави локалниот пожарникар...
Гори национален парк во Германија
Германски пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“.
Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост.
Властите соопштија дека пожарот опфатил неколку тешко достапни места, а на пожарникарите во гаснењето им помагаат планински спасувачи и планинари....
Во Португалија измерени рекордно високи температури
Метеоролошката служба на Португалија денеска соопшти дека на осум мерни места во земјата измерила рекорно високи темепратури на воздухот.
Највисоката темпертура од 45,2 степени Целзиусови е измерена во близина на градот Абрантеш, североисточно од Лисабон.
За денеска португалските метеоролози предвидуваат темпертури до 45 степени Целзиусови, а за утре најавуваат уште потопло време и температури и до 47 степени.
Највисоката температура во Португалија...
Харадинај: Приштина ќе одговори на евентуално прогласување автономија на Србите во северно Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска по седницата на косовскиот Совет за национална безбедност ги предупреди Србите од северно Косово дека Приштина ќе одговори на нивниот можен обид за прогласување на автономија.
- Никој нема право да превзема унилатерални акции, изјави Харадинај на конференција за печатот, додавајќи дека нема да се толерира кршењето на косовските закони.
Харадинај најави и дека работната група...
Замок од „Игра на тронови“ оди на продажба
Љубителите на светски познатата серија „Игра на тронови“, барем оние поситуираните, не мора веќе само да фантазираат да станат дел од неа... Имено, Госфардовиот замок во Северна Ирска е ставен на продажба, а почетната цена е 656.452 долари. Замокот е поевтин од просечен стан во Менхетн, чијашто цена се движи околу 916.000 долари.
Најголемиот замок во Северна Ирска послужи како...
Професор исчезна по прекинато интервју за Гласот на Америка
Кинескиот професот по физика во пензија Сун Венгуанг, кој е познат по критиките кон властите, веќе два дена е исчезнат, откако полицијата го прекина неговото интервју за радиото Гласот на Америка.
Сун го давал интервјуто во средата вечерта по локално време, кога во неговиот дом во градот Џинан упаднале шестмина полицајци, кои го прекинале разговорот. Пред прекинот на интервјуто, 84-годишниот Сун...
Двајца загинати во сообраќајка на магистралниот пат Штип-Велес
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип-Велес.
Според самостојниот инспектор за сообраќај во СВР Штип Владо Петров, несреќата се случила во 14.15 часот меѓу возило влекач и товарно возило.
Двете возила директно се судриле со што двајцата возачи на лице место се починати, а повредени се и две лица кои се транспортирани во...
Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност поради Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС.
Според истиот извор, на седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација.
Како што јави дописникот на МИА...
Отстранет дефектот во канализациската мрежа во Кичево
По неполни два месеци голгота на жителите од зградите кај кичевската гимназија, конечно е отстранет дефектот во канализациската мрежа, по што престана непријатната миризба која се ширеше во целата околина.
Поради високите температури и испарувањето, граѓаните од оваа густо населена населба во средиштето на градот, со денови не можеа ниту прозорец да отворат, ниту на тераса да излезат.
-Проблемот го предизвика...







































