Кабинет на Иванов: СДСМ се обидува со манипулации да изврши притисок врз претседателот

Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов најостро ги отфрла тврдењата на пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов и соопшти дека тие се „големи лаги и манипулација со цел да се дефокусира јавноста“. - Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана...

Недостижните барања на Реал не го откажуваат Интер од Модриќ

Раководството на Интер е подготвено да му даде висока плата на Лука Модриќ, за да го напушти Реал Мадрид во насока „Џузепе Меаца“. Според експертот за трансфери во Италија, Џанлука Ди Марцио, „нероаѕурите“ ќе понудат четиригодишен договор на хрватската ѕвезда со плата од 11,5 милиони евра. Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез синоќа изјави дека нема да го пушти фудбалерот да...

Лидерот на терористичката организација „17 ноември“ пренесен во земјоделски затвор

Првиот човек на грчката терористичка организација „17 ноември“, Димитрис Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, утрово на негово барање е префрлен од атинскиот затвор Коридалос, во т.н. земјоделски затвор во Волос. Станува збор за затвор од отворен тип, каде затворениците имаат поголема слобода на движење, со оглед на тоа дека се распространети на ниви и извршуваат земјоделски...

Научна и уметничка визита во Куќата на Уранија-МАНУ од 7. до 27 август

Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе почне во вторник, 7 август, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата на 27 август ќе има уште шест настани.  Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт...

Српската полиција уапси 28 хрватски навивачи

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека полицијата на автопатот Белград-Ниш запрела повеќе од 400 хрватски навивачи, кај кои при контрола пронашла поголем број дрвени и метални палки, неколку секири, како и помало количество на наркотици. - Во полициските станици во Ниш и во Гроцка спроведени се 32 навивачи, кои ќе бидат предадени на судиите за прекршоци. Полицијата...

Двајца повредни при судир на воз и камион во Италија

Две лица се повредени денеска кога воз што превезувал нафта се судри со камион во близина на градот Варезе во северна Италија.  При судирот, возот го преполовил каминот, но возачот, по потекло од Украина, успеал на време да скокне од возилото. При судирот нема оштетувања на вагоните со нафта. Причините за судирот засега не се познати, а полицијата започна истрага за...

Ексклузивна конференција во Дубровник или скапа измама?

Најавуваниот ексклузивен самит во Дубровник за кој се продаваат ВИП-влезници по цена од 2.500 евра, би можел да биде биде измама, на што предупредува Хрватската агенција за надзор на услугите (ХАФНА), пренесува „Јутарњи лист“. Конференцијата „The 8th Annual Follow the Entrepreneur Investor Summit“ (најавена за 9 и 10 октомври), е во организација на американската претприемачка Џули Мејер што ја основа...

Рокот за поднесување ценовници за медиумско претставување ќе продолжи до 7 август

Државната изборна комисија-ДИК информира дека во понеделник ќе изврши измена на роковникот со кое рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот ќе се продолжи до 7 август 2018. ДИК во соопштение појаснува дека само овластениот предлагач, во случајов Собранието на Република Македонија, има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет...

„Кроација ерлајнс“ од среда во штрајк

Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите на „Кроација ерлајнс“ на 8 август ќе стапат во штрајк, соопшти Организацијата на работниците од таа компанија - ОРЦА. Тие тврдат дека немале друга опција бидејќи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ не им ги исполнил ветувањата. На состанокот на претставниците на компанијата со Пленковиќ на 6 јули бил постигнат договор со ветување од премиерот дека набрзо ќе бидат...

Семејствата на жртвите од мелезискиот авион не го прифаќаат извештајот

Семејствата на кинеските патници во малезискиот авион што пред четри години исчезна на лет од Куала Лумпур до Пекинг, не го прифаќаат извештајот за исчезнувањето на леталото и бараат започнување нова истрага за случајот.  Околу 100 членови на семејствата на жртвите се собраа во Пекинг на средба со главиот истражител за случајот Кок Су Чон, кој им го презентираше извештајот,...