МЗ целосно го поништи тендерот за набавка на реагенси
Mинистерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси откако Комисијата за жалби по јавни набавки ги уважила сите три жалби кои се однесуваат на тендерот.
Според министерот Венко Филипче, уште за време на евалуацијата било увидено дека има несоодветна документација од понудувачот, но не можеле да го поништат бидејќи била почната постапката за жалби.
- Нов тендер ќе биде...
Заев ќе одмора во Охрид, повеќето министри во Грција
Премиерот Зоран Заев од годишниот одмор ќе искористи неколку денови во следниот период, а ќе ги помине со семејството во Охрид, неговиот заменик и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски замина на одмор во Црна Гора, а заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде седум дена на одмор во Грција со семејството.
Како што соопшти ...
Заев: Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“
Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид.
Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезеност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како сакаат.
- Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕИ...
САД: Потребна е креативност и флексибилност околу улогата и овластувањата на ЗСО
САД бараат креативност и флексибилност кога се во прашање улогата и овластивањата кои би требало да ги има Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово, соопштија од амбасадата на САД во Приштина.
Како што пренесува Танјуг, од амбасадата е наведено дека сите напорно работеле за да се исполни „договорот за Асоцијацијата на српски општини (АСО)“, кој е произлезен од дијалогот,...
Заев им понудил на ВМРО-ДПМНЕ влез во Владата, тие останале на барањето за амнестија
Премиерот Зоран Заев денеска обелодени дека и понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. Но, ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија.
- Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме референдумот, но го одбија тоа....
Заев: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации
Ѓорге Иванов и опозицијата не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации. Несериозно е на таков начин, како вчера од Мечкин Камен, цинично да се испраќаат пораки. Само политичка фрустрација е однесувањето на така високи функционери, рече премиерот Зоран Заев во денешното отворено студио на 1тв од Охрид.
- ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата се крстеа...
ЕК за говорот на Иванов: Сите да обезбедат имплементација на договорот со Грција
Европската комисија(ЕК) реагираше на говорот на претседателот Ѓорѓе Иванов вчера на Мечкин Камен, во кој тој изјави дека не го поддржува договорот со Грција за името.
Брисел порача дека очекува од сите страни да бидат конструктивни, јави дописничката на МИА од Брисел.
- Очекуваме од сите политички сили да играат конструктивна улога преку поддржување на заедничката стратешка цел на европската интеграција...
Нападот во Авганистан во кој беше убиен Македонец оквалификуван како терористички
Портпаролот на авганистанските власти денеска го оцени киднапирањето и убивањето на тројца странци, меѓу кои и македонски државјанин, во Кабул како терористички акт, најверојатно извршен од талибанци.
Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма „Содексо", соопшти портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станкезај.
Најновите податоци...
Металург стартува во ЛШ со гостување кај Спортинг Лисабон
Ракометарите на Металург новата сезона од Лигата на шампионите ќе ја почнат со натпревар на гостински терен кај Спортинг Лисабон на 15 септември, додека првиот дел од групната фаза ќе го завршат на 1 декември на гости кај Татран Прешов.
Единствено за натпреварот од третото коло, кога во Скопје ќе гостува екипата на Татран Прешов, сè уште не е утврден...
Коцијанчич: Трајно решение за Косово согласно меѓународното право
Трајно решение за Косово ќе значи одржливо реалистично решение според меѓународното право, а двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.
- Дијалогот со посредство на ЕУ има за цел да промовира долготрајна соработка помеѓу страните, да им помогне да постигнат напредок на...







































