Јотовски елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Фогау
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во австрискиот град Фогау.
Јотовски по три сета претрпе пораз од домашниот тенисер Јонас Тринкер со 3:6, 6:2 и 7:6.
Третиот одлучувачки сет се играше речиси еден час, а Тринкер победата ја оствари во тај-брејк со резултат 10:8.
Турнирот се игра на земјена подлога и има награден фонд од...
Грчкиот министер за цивилна заштита поднесе оставка, Ципрас ја прифати
Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му се заблагодарил на Тоскас за соработката во изминатите години, а надлежностите...
Онлајн анкетата за летното сметање на времето во Европа предизвика голем интерес
Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.
-Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници - изјави портпарол на ЕК за ДПА.
Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица.
Социолошкото испитување,...
Големо невреме во Нови Сад, се урна настрешница на бензинска пумпа
Настрешница на бензинска пумпа во Нови Сад се урна попладнево за време на поројниот дожд што го зафати овој српски град.
На пумпата во тој момент имало два автомобила врз кои паднала конструкцијата.
Еден муштерија е полесно повреден.
На терен излегоа пожарникарите и полицијата.
Сè помалку ученици и студенти во Албанија
Албанскиот Институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во Албанија од година во година има сè помалку ученици во основото и средното образование и студенти на факултетите.
- Стареењето на населението и постојаната емиграција, а во помал процент и желбата да се студира во странство, предизвикаа голем пад на бројот на ученици и студенти, се наведува во соопштението на Институтот, според...
Даут Харадинај: Промената на границите води во војна
Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Даут Харадинај смета дека идејата за корекција на границите, која на последните прес-конференции ја пласира претседателот Хашим Тачи, носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Со толку мандат колку што имам јас, и како пратеник и како...
Сергеј Баздникин нов амбасадор на Русија во Македонија
Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.
Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак.
Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.
- Се именува Сергеј Александрович Баздникин...
Горештините во Јужна Кореја однесоа 35 животи
Екстремното топлото време во Јужна Кореја е причинител за смртта на 35 лица од 23 јуни, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Жртвите биле на различна возраст, но, сите починале од срцев удар, соопшти канцеларијата. Бројот на жртвите е невообичаено висок и го надмина бројот на жртви во истиот период минатата година за најмалку трипати.
Околу...
Албанија забрани користење мобилни телефони во училиштата
Од новата 2018/2019 учебна година во училиштата во Албанија се забранува користење мобилни телефони.
За таа цел Министерство за образование денеска до директорите на основните и средните училишта испрати допис со кој ги известува дека од септември важи наредбата за забрана за користење мобилни телефони во учиштата.
Забраната важи како за учениците, така и за наставниот кадар.
- Знаеме дека учениците имаат...
Сервер: Корекција на границите со Косово е лоша идеја
„Корекција на границите" или еуфемизмот за „размена на територии" е лоша идеја, вели американскиот аналитичар Даниел Сервер и наведува бројни причини, а пред сè дека тоа би им дало потстрек на заговорниците на самостојноста на Република Српска и на Голема Албанија.
„Размената ќе им даде ветар во грб на оние косовски Албанци кои сакаат да се обединат со Албанија. Тоа...







































