Каде ќе летуваат министрите во Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија поради големиот интерес од страна на медиумите, објави соопштение за тоа каде ќе летуваат министрите годинава. Ова лето, претседателот, замениците на претседателот и министрите во Владата на Република Македонија годишните одмори главно ќе ги поминат во државата и земјите од соседството.  Во соопштението од Влада пишува дека, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од годишниот...

Идните топлотни бранови ќе бидат почести, посилни и ќе траат подолго

Стапката на смртност поради топлотни бранови може да се зголеми за 2.000 проценти во некои делови на светот до 2080 година, покажуваат резултатите од студија објавена во списанието ПЛОС Медисин. Научниците долго време предупредуваат дека климатските промени ќе донесат поекстремни временски услови во целиот свет, од топлотни бранови до урагани. Авторите истакнуваат дека ова е најголемата студија досега која ја истражува...

Истекува рокот за формирање на ЗСО, на Косово тензично

Денеска истекува рокот кој меѓународната заедница им го даде на косовските власти за формирање на Заедницата на српски општини(ЗСО). Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика косовските Срби да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. Тој за денеска претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС. Според истиот...

Во тек техничките подготовки за референдумот

По конституирањето на Државната изборна комисија (ДИК) и усвојувањето на Правилникот и Роковникот, продолжуваат техничките подготовки за претстојниот референдум закажан за 30 септември. Според Роковникот, ДИК до 2 август доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на Градот Скопје и јавната администрација, а МИОА треба да...

Амнестијата мотив за ширењето говор на омраза

Група од педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот во Крушево за време на прославата на Илинден. Некои од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети кон владината делегација и...

Повеќе од 7 илјади слободни работни места на сајтот на Агенцијата за вработување

На пазарот на труд во Македонија моментно има 7.145 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување. - Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции. Сататистичките податоци покажуават дека во првиот...

Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“

Етногрупата „Синтезис“ вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи голем концерт со што ќе биде одбележан роденденот на фестивалот „Охридско лето“ - нашата најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација. Станува збор за настан кој според атрактивноста се издвојува од вообичаените програмски содржини, бидејќи роденденскиот датум 4 август секогаш има посебно значење за манифестацијата. Најавувајќи го концертот кој првично беше закажан...

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Моделот „Зомби бој“ пронајден мртов во неговиот дом

Канаѓанецот Рик Џенест е пронајден мртов во неговиот стан во Монтреал, а според првичните информации станува збор за самоубиство. Овој 32-годишен модел стана познат по појавувањето во музичкото видео „Born this way“ на Лејди Гага, а оттогаш почна да се претставува како „Зомби бој“. Лејди Гага, со која се спријатели по оваа соработка, изјави дека по веста за неговата смрт е...

Двоен самоубиствен напад во Авганистан, најмалку 39 загинати

Најмалку 39 лица загинаа, а 81 лице е повредено во денешниот двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во источен Авганистан, соопшти Абдула Хасрат, портпарол на гувернерот на провинцијата Пактија. Сите повредени, од кои некои во лоша состојба, се хоспитализирани, информираат регионалните здравствени власти. Двајца мажи облечени во женска облека и вооружени со пушки влегле во џамијата во градот...