„Коха Диторе“: Изјавите за бришење на границата Косово-Албанија повеќе пропаганда отколку реалност
Изјавите на албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, дека од јануари 2019 ќе нема граница меѓу Албанија и Косово, повеќе треба да се гледаат како средства за пропагандистичко консумирање и изборни гласови, отколку како нешто што реално може да се случи наскоро, пишува денеска „Коха Диторе“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Мајко во средата во Скендерај им...
„Револуцијата“ на Бенон го вклучи алармот во Европа
Популистите и десничарите дојдоа на власт во Италија, Унгарија и во Австрија, а сега поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп има планови да го зголеми нивниот број во Европа
Бившиот советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, сонува за десничарска „супергрупа“ што ќе ги постави популистички темели во Европскиот парламент по наредните европски избори. Но неговите планови наидоа на...
Се судрија два хеликоптери, загинаа 18 лица
Хеликоптер Ми-8 се урна во Краснојарск, откако со пропелер ја закачил конструкцијата за превоз на товар на друг хеликоптер, јави ТАСС, повикувајќи се на информација од „Росавиација".
Според соопштението на „Росавиација", по полетувањето, хеликоптерот Ми-8 АМТ со патници на него, од засега непознати причини удрил во надворешната конструкција на друг хеликоптер кој превезувал товар, по што паднал, експлодирал и изгорел.
Двата...
Растат вселенските амбиции на Блискиот Исток
Марина Корен
Малку луѓе може да именуваат арапски астронаут или научник, па дури и во арапските земји
Пред повеќе од илјада години, исламски научници и мислители почнаа возбудлив период на научни истражувања. Тие преведоа дела за астрономија од грчки и санскрит на арапски јазик и ги искористија за да развијат сопствени методи за набљудување на мистериозните небесни тела што трепкаат...
Старите лица од Куманово до 20 август може да бараат помошници
Старите и изнемоштени лица од Куманово може да се пријават на повикот и да побараат асистенти кои ќе има помагаат во извршувањето на секојдневните обврски.
Повикот го објави Општина Куманово во рамки на проектот „Локална прегратка“ што се реализира во програмата општинско - корисна работа 2018 година.
Услугите што ќе ги добијат крајните корисници, старите и изнемоштените се бесплатни.
Сервисот за стари...
Колку сме способни да откриеме лага од вистина?
Секојдневно сме бомбардирани од секакви информации, вести, соопштенија, анализи, сугестии итн. Сведоци сме дека многу од тоа што ни се сервира нѐ вознемирува, ни предизвикува стресна состојба, па се чувствуваме несигурно, понекогаш дури повредено, измамено или вистински болно. Гледаме дека многу од информациите се лажирани, невистинити, или пренесени токму за да ги вознемират слушателите. Добро е ако институциите конечно...
Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир
Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се затвори финансиската конструкција за рехабилитација...
Помпео: Турција останува клучен сојузник во НАТО и покрај несогласувањата со САД
Државниот секретар на САД Мајк Помпео увери дека и покрај тензиите поради приведувањето на американски светеник и други несогласувања, Турција останува клучен сојузник во НАТО.
САД планираат да работат во соработка со Турција и покрај санкциите од Вашингтон против двајца турски министри поради континуираното држење во затвор на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кој е обвинет од Анкара за шпионажа и...
Во име на слободата, правдата и македонскиот суверенитет
Кај нас, среде окупираниов протекторат, правдата, законот и Уставот се суспендирани, воведена е диктатура од јужноамерикански тип и како што се ближи денот на неуставниот референдум, така ќе се засилуваат насилството и теророт врз македонскиот народ. Ама, пак, во името на слободата, правдата и македонскиот суверенитет, за кои се бореа и умреа Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола...







































