Адеми потпиша нов петгодишен договор со Динамо
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја продолжи соработката со Динамо Загреб и потпиша нов петгодишен договор.
Адеми, кој воедно е капитен на загрепскиот тим, нагласи дека воопшто не се двоумел за останувањето во клубот кој застана зад него додека ја отслужуваше суспензијата поради допинг.
- Пресреќен сум што го потпишав овој договор, а тоа покажува колку е голема љубовта меѓу мене и...
САД со 300 милиони долари ќе ја зајакнуваат безбедноста во Југоисточна Азија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска вети дека САД ќе обезбедат околу 300 милиони долари за зајакнување на безбедноста на Југоисточна Азија.
Помпео ја посочи оваа сума пред новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи од 10-члената Асоцијација на држави во Југоисточна Азија (АСЕАН) и други земји во Сингапур.
- Како дел од нашата посветеност да придонесеме за...
Трамп го навреди најдобриот кошаркар Леброн Џејмс
Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.
Трамп реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето.
Lebron James was just interviewed by the dumbest man on television, Don Lemon. He made Lebron look...
Нападнат и ограбен таксист во Охрид
Триесет и едногодишен таксист Љ.Ј. од Охрид бил физички нападнат и ограбен од три лица кои претходно со такси ги превезол од дискотеката „Парк“ до булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Физичкиот напад и разбојништвото тој ги пријавил утрово во 4.25 часот во СВР Охрид.
Како што соопшти МВР, тојцата засега непознати лица при излегување од таксито на бул. „Туристичка“ физички го нападнале возачот...
Променливото време негативно влијае врз здравјето
Граѓаните да избегнуваат престој на отворено сонце, но и во климатизирани простории, со голема температурна разлика. Кога управуваат со возилата, возачите да бидат поконцентрирани и да внимаваат додека возат, препорачува Лепосава Бошковска, докторка во Итната медицинска помош во Скопје
Главоболки, несвестици, вртоглавици, несоница, општа премаленост се само дел од симптомите на кои се жалат граѓаните како последица на променливото време.
Изминатиот...
Сто и петнаесет години од славната битка кај Ѓурѓејца
На 4 август се навршуваат 115 години од една од најкрвавите и најславни битки од Илинденското востание што се случиле во кичевскиот крај. На денешен ден пред 115 години се одиграла битката кај месноста Ѓурѓејца, на ледината помеѓу селата Карбуница и Кладник, и претставува една од ретките победи на востаниците на Илинден, победа што силно одекнала во целиот Битолски...
Граѓаните сѐ почесто си го осигуруваат животот
Kај осигурувањето на животот се забележува тренд од двоцифрен пораст како резултат на зголемениот интерес и поголемата свесност на населението за осигурувањето на животот
Севкупен пораст над 3 отсто е регистриран во осигурителниот сектор во текот на изминатата година, велат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Како што покажуваат нивните податоци, во текот на 2017 година е остварена бруто-полисирана премија...
Гужва на Богородица, се чека и по еден час
Во екот на сезоната голем број граѓани рано утрово се упатија кон Грција.
На граничниот премин Богородица колона возила чекаат и по еден час. Интензитетот на сообраќајот, како што информира АМСМ е умерен на сите патни правци.
Од АМСМ предупредуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, поради што препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување...
Стоп за паметните телефони и во нашите училишта?
Во пресрет на први септември, сериозните просветни системи го забрануваат паметниот телефон во училиштата
Професорите не можат да одржат час зашто учениците висат на телефон за време на часовите и наставата. Ако телефонот не им е во рака, ги фаќа паника. До тој степен се зависни, што се случува да прашуваат „каде ми е телефонот“ додека го држат в рака....
Програмата за рурален развој од „Рурална коалиција“ доставена до МЗШВ
Од името на 430 земјоделци, здружението „Рурална коалиција“ му ја предаде Програмата за рурален развој по терк на земјоделецот на заменик-министерот за земјоделство Благе Цветковиќ.
Навремено објавување на повиците за користење на мерките од Програмата за рурален развој, односно на почетокот на секоја тековна година, а не на средина, формирање гарантен фонд што ќе ги обезбедува 50-те проценти што потоа...







































