УЕФА ја казни Црвена звезда со два натпревари без публика на домашен терен
УЕФА го казни српскиот фудбалски клуб Црвена звезда со два натпревари без публика на домашен терен, поради пропустите направени за време на натпреварот против литвански Судува.
Како причина за казната се наведува лошата организација на натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Белград, а особено се нагласува однесувањето на навивачите.
УЕФА посочува дека биле блокирани премините на...
Турција ќе ги намалува државните трошоци за 5,6 милијарди долари
Турција планира да ги намали државните трошоци за 5,6 милиајрди долари, со цел да ја зголеми довербата во националната валута, соопшти денеска турскиот министер за финансии и буџет, Берат Албајрак.
- Турција ќе спроведе нов економски пристап, кој ќе биде одржлив и ќе се базира на стретегиски начин на мислење, изјави Албајрак, промовирајќи ја новата економска стратегија на турската Влада.
Албајрак,...
МЗШВ: Се подготвуваат мерки за стабилизирање на откупот на сливи
Тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи, на кој разговараа за состојбата со откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот.
Како што соопшти МЗШВ, на состанокот се разгледувале и можностите за развивање на пазарот на слива во Македонија. Производителите...
Мишел Бачелет е нов комесар за човекови права на ОН
Поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет избрана е на денешната седница на Генералното собрание на Обединети нации за висок комесар за човекови права на ОН.
Бачелет беше претседателка на Чиле во два мандата од 2006 до 2010 и од 2014 до 2018 година. Таа од 2010 до 2013 година беше раководител на Агенцијата на ОН за рамноправноста на половите.
Бачелет ќе...
Јотовски елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Нови Сад
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Нови Сад, Србија.
Тој со 2:1 во сетови претрпе пораз од турскиот тенисер Ерги Киркин.
Иако Јотовски го доби првиот сет со 6:4, другите два ги освои Киркин со 5:7 и 3:6.
Турнирот во Нови Сад е со награден фонд од 15.000 долари.
Ердоган: Заканите и уцените нема да ја заплашат Турција
Турција нема да потклекне пред заканите и уцените, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако САД најавија двојно зголемување на царините за увоз на турски челик и алуминиум, јави ДПА.
На собир на приврзаници на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во северниот турски град Ѓумушхане, Ердоган порача дека оние кои не преземаат никакви мерки против исламскиот...
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
На граничните премини од македонска страна има зголемена фреквенција за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Зголемување на интензитетот на сообраќајот, како што се наведува во соопштението, има и на патните правци надвор од градските средини.
Лавров: Русија категорично ги отфрла новите американски санкции
Москва категорично ги отфрла новите санкции што САД ги воведоа кон Русија, му порача денеска во телефонски разговор рускиот министер Серегеј Лавров на американскиот државен секретар Мајк Помпео.
- Од руска страна беше порачано дека катергорично ги отфрла санкциите, што неодамна ги најави Вашингтон врз основа на претпоставената информација за учество на Русија во т.н. случај Скрипал, се наведува во...
Блаже Миневски е автор на наградениот расказ „Потфрлување на топката“
Блаже Миневски, новинар, раскажувач и драматург е автор на расказот „Потфрлување на топката“ што беше избран за најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“ кој традиционално го распишува општина Охрид.
Членовите на комисијата што ги оценуваа трудовите образложија дека „Потфрлување на топката“ бил избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени раскази.
Со повеќе пригодни манифестации Охрид и оваа година ќе ја...
Отсекот за управни работи Куманово викендов ќе издава лични документи
Отсекот за управни работи Куманово од СВР Куманово ќе работи утре и во недела (11-ти и 12 август), информираа денеска од кумановската полиција.
Во двата дена од викендот Отсекот ќе работи од 8 до 16 часот и ќе издава лични документи - патни исправи, лични карти и возачки дозволи.
Од кумановската полиција ги информираат граѓаните кои поднеле барање за лични документи...









































