Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори
Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доствување на ценовниците до ДИК за изборите.
Од Државната изборна комисија велат дека деновиве ќе излезат со бројката на медиуми кои...
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
Во близина на струшкото село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што соопштија оттаму, на терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира...
Нема зафатено објекти при вчерашниот пожар на Транзитниот центар Табановце
Пожарникарите од Куманово скоро пет часа го гасеа пожарот во близина на Транзитниот центар Табановце. Од ТППЕ Куманово информираат дека нема зафатени објекти и на пожарот интервенирале три возила со деветмина пожарникари.
- Дојавата за пожарот е примена во 19:25 часот во атар на селото Табановце околу центарот за мигранти. Пожарот беше на поголема површина, зафатени беа нискостеблеста шума и...
Формирана Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја формира Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Собранието на 5 август го распиша Огласот за нов претседател на Антикорупциска и ќе трае 10 дена, односно до 15 август.
Формираната Комисија за селекција на кандидатите е составена од седум членови – Илбер...
Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти
Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми.
Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека ниту еден злот повеќе нема...
Петмина Палестинци убиени додека чекале хуманитарна помош во Газа
Петмина Палестинци се убиени, а 10 други повредени од израелски оган додека чекале помош во Појасот Газа, објави денеска палестинската агенција ВАФА.
Инцидентот се случил јужно од Вади Газа, во централниот дел од енклавата, пренесува ДПА.
Израелската војска соопшти дека го истражува извештајот.
Има постојани извештаи за смртоносни инциденти во близина на точките за дистрибуција на помошта управувани од Хуманитарната фондација Газа-...
САД ќе го развиваат новиот систем за противракетна одбрана „Златна купола“
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп развива нов систем за ракетна одбрана наречен „Златна купола“. „Златна купола“ ќе се состои од четири слоја на заштита - еден вселенски и три копнени, со вкупно 11 батерии со краток дострел распоредени низ континенталниот дел на САД, како и во Алјаска и Хаваи.
Проектот беше презентиран минатата недела пред околу 3.000 изведувачи на...
Завршен концерт на учесниците од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика
На програмата на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на Емилио Перцан и Тамила Гулиева.
Семинарот постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014...
Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија, вели Стејт департментот во извештајот за 2024 година
Стејт департментот во Извештајот за состојбата со човековите права во Македонија за 2024 година, вели дека немало значителни промени во текот на годината.
- Значајните прашања поврзани со човековите права вклучуваа извештаи за сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани за насилство врз новинари. Владата презеде значајни чекори за идентификување и казнување...
Украина добива заем од 500 милиони евра од ЕБРД за итни набавки на гас
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ѝ додели заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање итни набавки на гас, со цел зајакнување на енергетската безбедност на земјата, која оваа година е сериозно нарушена од повторените насочени руски напади. Ова е најголемиот единечен заем што Банката го одобрила во Украина.
Заемот со...







































