Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача, вели Ангелов
Пожарот во Ловиштето „Јасен“ е најкритичен, беснее неколку дена, горат борови. Исклучително е тежок теренот. Нè чека тешка и ризична задача, но јас сум оптимист, работиме барем да го забавиме ширењето на огнот, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во гостување на ТВ Сител тој објасни зошто е деликатна ситуацијата - од пламените се прават...
Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалничка на Општина Центар
Платформата „Независни заедно“ денеска објави дека поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ќе се кандидира како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.
Ивановска добива поддршка од неколку граѓански иницијативи, меѓу кои „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“.
Официјалното претставување на кандидатурата на Ивановска ќе се одржи утре, во 9:30 часот,...
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека изборите ќе бидат распишани пред законскиот рок и дека не може повторно да се кандидира за претседател и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот на Србија за да го стори тоа.
-Дали ќе му помогнам на некого и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да...
Почина оперската певица Милка Ефтимова
На 89-годишна возраст почина Милка Ефтимова - македонската оперска примадона, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.
Во својата богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.
Таа ќе...
Заврши видео-средбата на европските лидери со Трамп: Заедно сме за мир, топката е кај Путин
Европските лидери изразија задоволство од денешните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека во голема мера ги споделуваат целите за состанокот в петок - кои започнуваат со постигнување прекин на огнот во Украина.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон го пренесоа заедничкиот европски став дека одлуките за Украина...
Од идната година нова методологија за финансирање на основното и средното образование
Фокусот на квалитет и инклузивност
Владата усвои нова методологија за финансирање на основното и средното образование, која од 1 јануари 2026 година ќе овозможи распределба на средства според реалната цена на образованието по ученик. Новата формула, објаснуваат од Министерството за образование и наука (МОН), предвидува праведна распределба на средства за основно и средно образование, со посебна поддршка за ученици со...
Уставниот суд оформи предмет за Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија
Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.7.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.
Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, која наведува...
Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации
Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот - Дарко Набаков, програмскиот координатор - Петрула Вељановска и раководителот на...
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“
Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија.
Мицкоски, како што информира владината прес-служба, констатира дека состојбата е под контрола и оти продолжува гаснењето на пожарот во ловиштето...
Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори
Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доствување на ценовниците до ДИК за изборите.
Од Државната изборна комисија велат дека деновиве ќе излезат со бројката на медиуми кои...







































