Ѓоковиќ против Алкараз во полуфиналето
Кај тенисерките ќе играат Белорусинката Арина Сабаленка и Американката Џесика Пегула, а другите полуфиналисти во двете конкуренции требаше да бидат познати вчера попладне и денеска наутро
ТЕНИС - ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА САД
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз се пласираа во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, кое се игра во Њујорк.
Ѓоковиќ го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналниот...
Какви се тие „лидери што знаат да решаваат билатерални прашања“ по терк на ЕУ?!
Несомнено спомнувањето „лидери што знаат да решаваат билатерални прашања“ од страна на еврокомесарката за проширување во себе крие симболична порака до актуелните власти во земјите во регионот, вклучително и за Македонија, дека нема да напредуваат во процесот на евроинтеграции сѐ додека тврдоглаво опстојуваат на ставот за „европски критериуми и дебилатерализација на пристапните преговори“. Што значи тоа? Нашите соговорници имаат...
Старо-нов геополитички триаголник: РИК (Русија-Индија-Кина)
Аналитичарите тврдат дека Индија одлучи да се врати на форматот РИК (Русија, Индија, Кина), кој го напушти пред неколку години токму во име на зајакнување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави. Овој формат првично беше инициран од Москва, а преку него Русија се обиде да помогне во забрзување на решавањето на индиско-кинеските гранични спорови што го попречуваат зајакнувањето...
Србија, Турција и Германија со максимален ефект
Во пресрет на последното петто коло по групи на ЕП, во нокаут-фазата не се пласираа репрезентациите на Чешка, Кипар, Белгија и Исланд
ПО ЧЕТИРИ КОЛА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА МАЖИ
Репрезентациите на Србија, Турција и Летонија (група А), Германија, Литванија, Финска (група Б), Грција, Италија (група Ц) и Израел, Полска, Франција (група Д) се пласираа во осминафиналето на 42....
Споменикот потсетува на минатото, но дава поуки и за сегашноста и за иднината
Зад секој споменик има приказна, приказна за херој што им се раскажува на љубопитните, пред сѐ на децата и младите, кои така најлесно се образоваат од историска перспектива, го запознаваат богатото минато и можат подобро да ги разберат сегашноста и иднината. Но мислам дека улогата на спомениците е важна и од уметничка перспектива
Ајфеловата кула... Грдотија и архитектонски кич што...
Кривична против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство
Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“ - информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Секторот за внатрешни работи - Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип, поради постоење...
Вештачката интелигенција и уметникот: проширување, а не бришење
Во последниве години сè почесто се зборува дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе ги замени уметниците, писателите и креаторите. Дури се зборува и дека човештвото ќе биде заменето од ВИ. Но што навистина значи оваа промена? Дали навистина сме пред бришење или пред нешто друго – пред проширување?
Личен пат и една стара книга
Во 1994 година ја издадов книгата „Небесен човек“...
Зошто некои можат да им одолеат на слатките, а други не
Што стои зад одлуката за грешење? Сите знаеме што е добро, во најопшта и универзална смисла, а сепак не секој работи според тие „насоки“. Честопати сме водени од импулси што се тешки за контролирање, но не и невозможни
Зошто некој не може да им одолее на слатките, а некој друг не може да му одолее на печеното месо, свежото тесто...
Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие, соопшти ЦУК
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати - соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски...
Украинските барања за безбедносни гаранции се „гаранции за опасност“, истакна Захарова
Русија ги осуди барањата на Киев за безбедносни гаранции во рамки на мировно решение за конфликтот и ги нарече „гаранции за опасност за европскиот континент“.
- Русија нема планови да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо - изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Нејзиниот...






































