Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по денешната средба на Коалицијата на подготвените што се одржа во Елисејската палата изјави дека сите учесници се согласиле дека Русија ги отфрла сите иницијативи за мир и оти постигнале разбирање за општата рамка на безбедносните гаранции за Киев.
Според него силна украинска армија е основа на сите гаранции и затоа ги повика европските компании...
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91 година - соопшти денеска модната куќа во објава на социјалните мрежи.
Тој работеше до своите последни денови и почина опкружен со најблиските, се вели во соопштението - пренесе ДПА.
Армани беше еден од највлијателните модни дизајнери во светот.
Роден на 11 јули 1934 година во Пјаченца, северна Италија, неговото семејство се преселило во Милано...
Со воведни зборови на Обвинителството започна судењето против криминалната група Беланоца-Барон
Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во судницата на затворот Идризово се одржа судското рочиште против деветмината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година.
Како што беше посочено од страна на јавната обвинителка, обвинетите во рамки на злосторничко здружение извршиле најмалку осум убиства,...
Имаме обврска да обезбедиме непречено функционирање на Хидробиолошкиот завод Охрид, истакна Силјановска Давкова
Наш императив е да го сочуваме Охридското Езеро како непроценлив животен ресурс. Благосостојбата на езерото не е сама по себе загарантирана, ако општеството и институциите не се грижат за него, порача претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова на денешното одбележување на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошки завод во Охрид.
- Мораме да се грижиме и да ги сочуваме нашите природни убавини...
Градската река Сушица во Кичево претворена во депонија
Градската река Сушица која Кичево го дели на два дела, пред три децении беше гордост на градот, но последниве неколку години почна да наликува на депонија, преполна со секаков вид на амбалажа и други видови на отпад. И наместо некогашната гордост на градот, денес Сушица претствува срам за градот. Најмногу амбалажа е насобрана во нејзиното корито од центарот на...
Четворица кичевски пожарникари во еден ден изгаснаа три пожари
Во текот на вчерашниот ден во општина Кичево активни беа три пожари и тоа во населба Бичинци, село Цер и во месноста Јанидол, помеѓу селата Арангел и Поповјани. На сите три пожари е интервенирано со едно противпожарно возило и со четворица пожарникари.
-Во текот на вчерашното попладне изгаснавме три пожари кои се појавија во нашата општина. Најпрво целосно го изгасивме...
Отворена тематската изложба Дичо Зограф – „Наследството на светлината“ во Скопје
Во галеријата на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје свечено беше отворена изложбата „Наследството на светлината“, посветена наделото на еден од најзначајните македонски уметници и зографи од 19-от век, Дичо Зограф, во организација на Академија Балканика Еуропеана, со поддршка на Министерството за Култура и туризам.
Дичо Зограф (1819–1872) е еден од најплодните и најценетите претставници на македонската зографска традиција. Неговиот...
Портрети на Жан-Пјер Симеон и Јордан Плевнеш во Будва
На интернационалниот фестивал “Кирилица“ во Будва, на 7 и 8 септември ќе бидат одржани портрети на минатогодишниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Симеон ќе биде претставен со избор од неговото творештво во интерпретација на црногорски актери, а Плевнеш ќе одржи беседа за неговото дело како еден од најзначајните...
ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025, соопшти ДИК
Четиринаест набљудувачи на мисијата ОДИХР ќе ги следат Локалните избори 2025 година. Нивните барања за акредитации за набљудување на Локалните избори едногласно ги усвоија членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 133 седница. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека официјално утре ќе ја имаат и првата средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР, со што и официјално...
Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Обвинителството до крај да го расчисти случајот со прислушувањето кое го вршеле лица од АНБ и АР, за, како што истакна конечно да се стави крај на злоупотребата на ресурсите на овие служби.
-Традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата ВМРО-ДПМНЕ да биде следена. Тоа што можам да...






































