Зошто чивавите живеат подолго од повеќето кучиња
Животни
Чивавите живеат во просек од 12 до 15 години, а со соодветна нега и до 20 години. Мажјаците често имаат пократок живот поради агресивно однесување и повреди. Џуџестите чивави, пак, имаат краток живот поради генетските аномалии. Правилната исхрана, вакцинацијата и редовните посети на ветеринар се од суштинско значење за подолг живот.
Чивавите се активни кучиња на кои им се потребни...
Третпат во низа во полуфиналето ќе играат селекции од три континенти
СП 2025 ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 20 ГОДИНИ
Аргентина - Колумбија е првата полуфинална двојка на Светското првенство (СП) за фудбалери до 20 години што се игра во Чиле, а втората требаше да биде комплетирана со одигрувањето на уште две четвртфинални средби, САД - Мароко и Норвешка - Франција. Со тоа во полуфиналето на СП 2025 ќе има селекции од три...
Колкава површина на Земјата е покриена со мраз
Глечерите на нашата планета покриваат околу десет проценти од нејзината површина или повеќе од 15 милиони квадратни километри. Од последните години на 20 век до денес глечерите забрзано се топат, а колку биле големи во минатото, можеби најдобро илустрира податокот дека за време на последната ледена доба заземале дури трипати повеќе територија отколку денес. Глечерите содржат нешто помалку од...
Италијанскиот јазик преку границите
XXV Недела на италијанскиот јазик во светот
Од 13 до 30 октомври 2025 година, Македонија ќе биде домаќин на 25-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот. Во годината на Првата меѓународна светска конференција на италофонијата и во континуитет со петтата генерална конференција за италијанскиот јазик во светот, ова издание е посветено на темата „Италофонија: Јазик преку границите“. Целта...
Кастрираните и стерилизираните домашни миленичиња живеат подолго
Кастрираните домашни миленичиња живеат во просек неколку години подолго од некстрираните или нестерилизираните, благодарение на половите хормони. Промените во хормонското ниво ги прават животните посмирени, се намалува нивниот интерес кон единките од спротивниот пол и нивната свирепост кон другите домашни миленици. Нестерилизираните женки во подоцнежна возраст често страдаат од болести на гениталиите, вклучувајќи пиометра.
Стерилизацијата овозможува елиминација на поголемиот дел...
„Среќен како Наи“ од Ана Салџиева – нова инклузивна сликовница исполнета со радост, љубопитност и љубов
Новата сликовница „Среќен како Наи“ од авторката Ана Салџиева, со илустрации на Томи Џуровски, неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“. Станува збор за инклузивна сликовница, која нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика – limb difference – и ни покажува дека неговото секојдневие е полно со радост,...
Кузмановски го објави составот за „Трофеј Карпати“
РАКОМЕТ - КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
На турнирот неделава Македонија ќе игра со Полска, Романија и со Србија, а тие мечеви ќе бидат тест пред квалификациите за ЕП 2026, во кои црвено-жолтите ќе се сретнат со Луксембург, Финска и со Грција
Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, Горан Кузманоски, го објави списокот со ракометари на кои...
Вашеро стана најнискорангираниот победник на мастерс-турнир
Вашеро, 204-ти на АТП-листата, се очекува со овој триумф од денеска да влезе меѓу првите 100 на АТП-листата
Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, неочекувано триумфира на мастерс-турнирот од серијата 1.000 во Шангај, предизвикувајќи вистинска сензација со кревањето на првиот трофеј на ваквите турнири во кариерата, по победата на дуелот со неговиот роднина, Французинот Артур Риндеркнеш (рангиран 54-ти во светот),...
Музика што се чувствува на 34. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“
Минатата недела на големата сцена „Благој Стефановски Баге“ во Народниот театар во Битола се одржа 34. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. На првата фестивалска вечер, по минатогодишната пауза, пред љубителите на класичната музика се обрати уметничката директорка на „Интерфест“, Милица Шперовиќ–Рибарски.
- Публиката имаше можност да ја проследи изведбата на едно од најмоќните дела на 20 век...
Враќање на стариот капут на „Секс пистолс“
Од концертот на „Егзит“
Има една приказна за капутот на Џејмс Браун. Велат дека тој имал капут што му бил како фетиш, кој бил препознатлив за него и многу модерен за тоа време, во тој период речиси цело време го носел само него. По одреден временски период модата се менува и поради застареност Џејмс го става во креденец за некои...







































