Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) помош во воспоставување прекин на огнот со цел да се обнови надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
- Нападот на украинските вооружени сили на 23 септември го оштети далноводот Дњепровскаја, кој ја напојува нуклеарната централа Запорожје со надворешно напојување. И покрај тоа што реакторите на...
Независноста на француското судство на тест поради можните привилегии за осудениот експретседател на Франција
Саркози оди во затвор, но неговите пријателски и политички врски со државниот врв фрлаат сомнеж на коректното издржување на казната
Француската јавност беше фрапирана од фактот што во пресрет на затворањето во затворот „Ла санте“, Никола Саркози беше примен во Елисејската палата од страна на актуелниот француски претседател, Емануел Макрон. Претседателска покана, според првиот секретар на Социјалистичката партија Оливие...
Сензибилниот лелек на патриотизмот
Во денешниот број одлучив да проглаголам за возбудливиот политички трилер „Гараж Олимпо“ (1999) на Марко Бекис, во кој пронаоѓам слични аналогии со бразилскиот „Сѐ уште сум тука“ (2025), на кој се осврнав неодамна.
Антонела Коста (Марија) е милитантна активистка што се бори против диктаторскиот режим во Аргентина. Таа својот џепарлак го заработува на чесен начин учејќи сиромашни лица како се...
Дали овој пат Ахмети ќе ги признае резултатите на од него бараниот – „албански национален референдум“?
Одраз на изборните резултати врз партиите од албанскиот политички блок
Али Ахмети бараше од своите сонародници во Македонија локалните избори да бидат „албански национален референдум“, порачувајќи им да гласаат „масовно за него и албанската национална кауза, која тој ја брани како мисионер“. Албанците навистина излегоа да се изјаснат, но, за негова жал, се изјаснија против неговиот повик (во чија...
Вистинското лице на театарот
(Кон шоукејсот „Генерација после 9“ на „Театар Нови“ од Варшава, Полска, 4-6 септември 2025 година.)
„Не е театарот неопходен, туку нешто сосема друго. Преминување на границите меѓу тебе и мене“, е една од најпознатите сентенци на големиот полски театарски уметник, теоретичар и воопшто голем мислител Јержи Гротовски. Гротовски, Кантор, Јароцки, Гжегожевски, Шајна, а еве сега и Варликовски, се театарски уметници...
Мирни и уредни избори со слободна кампања
Локални избори 2025: Извештај на меѓународните набљудувачи
По покана од властите на Македонија, Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа распореди набљудувачка мисија низ целата земја за да ги набљудува локалните избори што се одржа во неделата. Мисијата на Конгресот ја предводеше Гобнит Ни Вимнехан (Република Ирска), а вклучуваше 15 набљудувачи на Конгресот од 14 земји
...
„Плејбои…“ пристигнуваат во Драмскиот театар
Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, се игра во Драмскиот театар на 23 октомври, во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Градскиот театар од Љубљана и продукцијата на „Град...
Во НБА сезонава ќе играат рекордни 135 странски кошаркари
Вкупно 135-те кошаркари што се родени надвор од САД доаѓаат од 43 земји, што е изедначен рекорд, и 71 се од Европа, најмногу досега од тој континент, а сите 30 тима имаат барем еден меѓународен играч во своите состави за отворањето на сезоната, пишува АП
Со натпреварите рано утринава, во кои актуелниот првак Оклахома игра со Хјустон, а Лос Анџелес...
Патот кон ЕУ е двонасочен, и Брисел и Скопје треба рамномерно да го понесат товарот
Со изјавата на европарламентарецот Вајц, пораките за промена на Уставот зачестуваат, се чека македонскиот одговор
Поаѓајќи од констатацијата дека уставните измени се клучни за пробив во евроинтеграциите и дека тоа е исклучиво наша работа, тогаш целиот процес треба да биде во корелација со пристапувањето на земјава кон Европската Унија, односно Уставот да го отсликува европското право и да е...
Имате голема историја и многу ѓубре, го видов убавото и тажното лице на земјата
Кевин Амсе, слемер од Белгија
Амсе, кој неколку години по ред беше финалист на Белгиското слем-првенство, во Прилеп настапи на фламански и холандски јазик, а публиката, покрај неговиот настап, имаше можност да ги чуе неговите стихови на македонски јазик, во интерпретација на актерот и организатор на фестивалот Игор Трпчески
Поет, учител, слемер, така себеси се дефинира Кевин Амсе од Белгија,...







































