Приведени за случајот со Болницата во Прилеп треба да бидат спроведени во прилепскиот Суд

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во...

Мицкоски: Средбата со Кралот Чарлс Трети е признание и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс Трети. Премиерот Мицкоски информира дека средбата со Кралот Чарлс Трети била искрена и содржајна. -Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и...

Истражување: Асистентите со вештачка интелигенција погрешно ги претставуваат вестите во половина одговори

Водечките асистенти со вештачка интелигенција погрешно ги претставуваат вестите во речиси половина од своите одговори, според истражувањето објавено денеска од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Би-би-си. Меѓународното испитување ги опфатило вештачкоинтелигентните асистенти Чет-ГПТ (ChatGPT), Копилот (Copilot), Џемини (Gemini) и Перплексити (Perplexity) - софтверски чет-помошници коишто користат ВИ и на кој било јазик во светот ги извршуваат задачи за корисниците. ВИ-асистентите...

Лихнид – Охрид: Духовната престолнина на Македонија (прв дел)

Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Добре дојдовте во Македонија, земја на волшебни предели, богата историја и уникатни знаменитости. Во овој фељтон ќе ви ги претставиме природните ресурси, културното наследство и туристичкиот потенцијал...

Лувр повторно отворен, три дена по грабежот

Лувр денеска е повторно отворен за посетители, првпат по спектакуларниот грабеж во неделата, кога четворица крадци однесоа осум парчиња накит чија вредност е проценета на 88 милиони евра. Од 9 часот, што е вообичаено време за отворање, првите посетители почнаа да влегуваат во Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, јавија француските медиуми. Сепак, Галеријата Аполон, каде што е извршена кражбата, ќе остане...

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“ од Фондацијата Ричард Никсон

Фондацијата Ричард Никсон вчера во Белата куќа му ја врачи наградата на претседателот на САД, Доналд Трамп „Архитект на мирот“. - Надворешната политика на претседателот Трамп „Америка на прво место“ се заснова на проактивна лична дипломатија во комбинација со филозофија на мир преку сила. Резултатите беа неверојатни во однос на бројот на прекини на огнот и мировни договори што ги...

Струмица и Јанта волеј пред значајни предизвици во квалификациите за ЛШ

ОДБОЈКА Денеска во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје одбојкарите на Струмица од 17 часот ќе се сретнат со Динамо Букурешт од Романија, а одбојкарките на Јанта волеј КВ од 20 часот ќе играат со Гацко од БиХ Македонските одбојкарски прваци Струмица 47/72 во машка и Јанта волеј КВ во женска конкуренција денеска, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе настапат...

Како е откриен Нептун пред 179 години

Откривањето на планетата Нептун на 23 септември 1846 година претставува еден од најзначајните моменти во историјата на астрономијата, кој покажа сила на математичкото предвидување и набљудување. Оваа осма планета на Сончевиот Систем, синиот џин сместен на работ на нашето планетарно соседство, е откриена не поради случајност, туку благодарение на прецизни пресметки засновани на нарушувањата во орбитата на Уран. Откритието беше...

Мистеријата на ДНК на пауновите пајаци би можела да објасни како се развиваат нови видови

Пауновите пајаци се наоѓаат низ цела Австралија. Тие се именувани така поради светлите бои што мажјаците ги имаат на стомакот, кои ги покажуваат во заводливиот ритуал на парење. Тие создаваат звук на тропање со нозете, некаква форма на песна, и се движат ритмично додека ги покажуваат своите сјајни шари. Она што е извонредно кај овие суштества е колку се...

Светот како волја и претстава

А всушност насловот на нашата денешна колумна, драг читателу, според аналогиите и есенцијата на содржината читај го како „Македонија како волја и претстава“. Или Македонците. Сеедно. Инаку погорниов наслов, се сеќаваш, е всушност наслов на познатото дело на Артур Шопенхауер, меѓу филозофите најголемиот песимист, кој тврди дека светот во кој живееме е најлошиот можен од световите што постојат. Како...