КОШАРКА
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги обелодени барабаните пред утрешната ждрепка во Минхен за регуларната сезона и за квалификациите на Европскиот куп за сезоната 2026/2027.
Новиот систем на ова натпреварување вклучува 48 клуба, поделени во осум групи, а 21 клуб ќе се приклучат по квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА.
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје е во последниот, шести барабан, заедно со Батуми (Грузија), Генче (Азербејџан), Манчестер (Велика Британија) и со Виена (Австрија), како и со уште три екипи, кои дополнително ќе бидат познати.
МЗТ Скопје претходен настап имаше во сезоната 2000/2001 во Купот „Радивоје Кораќ“, кога беше елиминиран во второто коло. Скопјани беа дел од Еврокупот на УЛЕБ во сезоните 2013/2014 и 2016/2017, а редовно играат и во регионалните АБА и АБА2 лига. Г.И.
































