Најголем број од пациентите со дијабетес се третираат со трета генерација инсулин, вели Клековски

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот. - Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да...

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени. Запленети 318 килограми дрога, 10 илјади парчиња лекови, 237 илјади парчиња цигари и 264 килограми други тутунски производи, 205 илјади евра, како и над 3,1 килограм златен накит. Зголемените случаи на заплени се нотирани и во извештајот на Европската комисија, каде се истакнува високото ниво на напредок во поглавјето Царинска Унија...

Русија е подготвена за средба Путин – Трамп, велат од руското МНР

Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта ако е добро подготвена и врз основа на договорите од средбата на двајцата лидери во државата Алјаска, објави Министерството за надворешни работи во Москва. Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Двајцата требаше да разговараат во...

Џеј Ди Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека не го гледа американскиот државен секретар Марко Рубио како соперник, и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил“. Во интервју за „Фокс Њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио немаат „право“ на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд...

Д-р Ненси Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ќе продолжи да постапува според утврдената медеодлогија, изјави членот на Комисијата д-р Ненси Лозанче на денешната прес-конференција, одоговорајќи на прашање на МИА што точно констатирале, кои се следните чекори и дали некои случаи ќе бидат доставени...

На Германските гробишта во Прилеп одбележан Денот на примирјето

На Германските гробишта во Прилеп денеска со полагање цвеќиња, амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција Ле Риголер, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, и воени аташеа, беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна, со што се одбележа Денот на примирјето. - Овој ден претставува потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските...

Повторените избори за градоначалници во четири општини ќе бидат распишани согласно предвидените рокови и процедури, велат од Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување...

Коцевски: Буџетот за обвинителството е помал од законски предвидениот минимум

На почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2026, се обрати и јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој пред пратениците истакна дека размислувал дали воопшто да се обрати повторно од истото место со истите барања како и минатата година. Тој истакна дека барањата се исти како и секоја година и дека истите ги потврдила и Европската унија во последните ивештај. - Сепак, одбрав да...

Јана Никодиновска и Гоце Андонов: Филмот „Утре наутро“ може да донесе општествени промени

Во филмот е вклучена голема актерска екипа составена од врвни македонски актерски имиња, но и од успешни и талентирани актери од помладите генерации. Дел од екипата се Нина Деан, Ирена Трајковска, Кети Дончевска Илиќ, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Бајрам Севеерџан, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Жаклина Стефковска, Благоја Чоревски... Улогите на сестрата Тина и нејзиниот брат Борис, ги толкуваат...

Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун

На 18 ноември Тутунскиот комбинат Прилеп започнува со откуп на тутун од годинашната реколта. На денешната прес конференција директорот Александар Алексовски посочи дека како откупна компанија, во државна сопственост, подготвени се за старт на откупот на тутунот од годинашната реколта. - На 18 , вторник, ќе бидат отворени 34 откупни места со 37 регистрирани ваги. Договорени се 2,3 милиони килограми тутун, за...