Д-р Ненси Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ќе продолжи да постапува според утврдената медеодлогија, изјави членот на Комисијата д-р Ненси Лозанче на денешната прес-конференција, одоговорајќи на прашање на МИА што точно констатирале, кои се следните чекори и дали некои случаи ќе бидат доставени...

На Германските гробишта во Прилеп одбележан Денот на примирјето

На Германските гробишта во Прилеп денеска со полагање цвеќиња, амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција Ле Риголер, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, и воени аташеа, беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна, со што се одбележа Денот на примирјето. - Овој ден претставува потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските...

Повторените избори за градоначалници во четири општини ќе бидат распишани согласно предвидените рокови и процедури, велат од Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување...

Коцевски: Буџетот за обвинителството е помал од законски предвидениот минимум

На почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2026, се обрати и јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој пред пратениците истакна дека размислувал дали воопшто да се обрати повторно од истото место со истите барања како и минатата година. Тој истакна дека барањата се исти како и секоја година и дека истите ги потврдила и Европската унија во последните ивештај. - Сепак, одбрав да...

Јана Никодиновска и Гоце Андонов: Филмот „Утре наутро“ може да донесе општествени промени

Во филмот е вклучена голема актерска екипа составена од врвни македонски актерски имиња, но и од успешни и талентирани актери од помладите генерации. Дел од екипата се Нина Деан, Ирена Трајковска, Кети Дончевска Илиќ, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Бајрам Севеерџан, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Жаклина Стефковска, Благоја Чоревски... Улогите на сестрата Тина и нејзиниот брат Борис, ги толкуваат...

Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун

На 18 ноември Тутунскиот комбинат Прилеп започнува со откуп на тутун од годинашната реколта. На денешната прес конференција директорот Александар Алексовски посочи дека како откупна компанија, во државна сопственост, подготвени се за старт на откупот на тутунот од годинашната реколта. - На 18 , вторник, ќе бидат отворени 34 откупни места со 37 регистрирани ваги. Договорени се 2,3 милиони килограми тутун, за...

Мицкоски смета дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Тој денеска изјави дека по изборите се посветени на неколку други инфраструктурни проекти од здравството. - Она коешто сега го работиме откако завршија изборите е да ја продолжиме најпрвин постапката за изградба на Клиничката болница во Штип, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом,...

Мицкоски уверува дека Владата е стабилна, се водат разговори за пополнување на испразнетите места

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Потврди дека има разговори за пополнување...

Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено суспендирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. - Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со...

До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, порача Мицкоски

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена...