Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17 часот. Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле...

Во предметот физичко образование да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова

Siljanovska Davkova
Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во...

Ушаков: Русија и САД водат дијалог за Украина врз основа на договорот од Анкориџ

Yuri Ushakov Putin
Русија и САД разговараат за украинско решение врз основа на договорите постигнати во Анкориџ, потврди Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика, пренесе „РТС“. - Ние со САД активно разговараме за украинско решение врз основа на договорите постигнати во Анкориџ. Веруваме дека ова е навистина добар пат за постигнување мирно решение - рече Ушаков. Тој рече дека...

Температурата денеска до 20 степени, времето сончево со мала до умерена облачност

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени, соопштија од УХМР. Во Скопје...

Агенцијата за храна и ветеринарство изрече 15 забрани за вршење дејност, на оператори со храна во близина на училишта,

Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со...

Наjдобрите есенски оброци за детоксикациjа

Нега и убавина Есента носи изобилство свежи намирници што се идеални за детоксикациски оброци. Дополнително, антиинфламаторни намирници вклучени во овие оброци може да помогнат во намалување на воспаленијата и зачувување на вашето здравје. Предлогот за некои вкусни есенски оброци ќе ви помогне да се чувствувате освежено и енергизирано додека истовремено уживате во сезонските намирници. Супа од тиква и ѓумбир: Тиквата е...

Враќањето на енергетската безбедност и домашното производство на енергија се приоритет број еден за многу држави

Нема веќе предимство за климатските промени и намалувањето на емисиите Меѓународната агенција за енергија ИЕА во најновото издание на својата „Светска енергетска перспектива“ ги коригираше своите поранешни прогнози. Имено, сега ИЕА анализира дека побарувачката за електрична енергија ќе расте многу побрзо од вкупната употреба на енергија. Тоа е заклучок според сите сценарија што ИЕА ги вклучи во своите најнови...

Екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се врати на Земјата

Тројца кинески астронаути, чие враќање на Земјата беше одложено откако вселенски отпад го погоди нивниот вселенски брод минатата недела, се вратија со друг вселенски брод, соопшти Кинеската вселенска агенција (ЦМСА). Кина испрати тројца астронаути во својата постојано населена вселенска станица „Тјангонг“ (за периоди до шест месеци) во текот на изминатите четири години, како дел од програмата „Шенжоу“ или „Божествено летало“. Мисијата...

Вооружувањето на Германија ја нарушува рамнотежата на моќта во Европа

Додека Берлин повторно станува водечка воена сила во Европа, Париз и Варшава се соочуваат со огромна политичка промена Европската Унија со децении работеше врз основа на неизговорено разбирање: Германија управуваше со парите, Франција управуваше со војската. Сега работите се менуваат. Додека Германија се стреми да стане доминантна воена сила во Европа, политичката рамнотежа се менува. Франција се бори да...

Во прекин сообраќајот на патот Удово – Валандово поради сообраќајка

Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово - Валандово е во прекин. Како што информира АМСМ, причина за прекинот е сообраќајна незгода. Сообраќајот на на останатите патните правци се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез...