Американците бараат замена за Зеленски, истакна поранешниот украински премиер Азаров
Соединетите Американски Држави активно бараат замена за украинскиот претседател Володимир Зеленски и за таа цел се домаќини на разни политичари од режимот во Киев во Вашингтон - изјави поранешниот украински премиер Николај Азаров, а пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.
- Знам дека Американците активно разговараат, се среќаваат и покануваат одредени политичари од режимот во Киев во Вашингтон во последните шест...
Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија
Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија.
Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави.
Во Велс се спроведуваат операции за спасување, евакуации на населението и контрола на безбедноста на...
Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ
Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската унија, кога ќе биде отворен последниот кластер, кој се однесува на ресурсите, земјоделство и кохезија.
- Овој состанок ќе послужи за отворање на преговорите за група 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарство и...
Во Штип убиена 79 годишна жена, убиецот ја закопал во дворот
Седумдесет и деветгодишнатa Б.Н. од Штип свирепо била убиена од страна на 74 годишниот Д.А. исто така од Штип, кој претходно во неговиот дом ја држел против нејзината волја, а откако ја убил ја закопал во дворот.
Во писментото соопштение од Министерството за внатрешни работи се вели дека Секторот за внатрешни работи Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција...
Роденденска свирка на „Реквием бенд“ на 21 ноември
Почитувани пријатели, другари, стари и нови фанови, на чекор сме до нашата голема прослава – 30 години постоење на „Реквием бенд“. На 21 ноември, петок, ќе го прославиме јубилејот заедно со сите вас, за кои и постоиме сите овие години. Свирката ќе се случи во „Рулет клуб“, местото каде што и почнавме пред три децении, на 17. септември.
Настанот почнува...
Во с.Лениште, Прилепско засадени 100 садници
Под мотото „Не биди трупец, засади дрво" денеска во населеното место Лениште, активисти на невладината организација „Сина Револуција", засадија 100 садници јасен, со цел заштита на животната средина.
Акцијата за пошумување „Сина Ревокуција" се реализираше по повод 14 ноември - Светскиот ден на лицата со дијабетес.
-Заедно можеме да создадеме симбол на солидарност, здравје и грижа за природата. Секое засадено дрво...
Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба, покажуваат анкетите
Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, објави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета.
Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 проценти рекле дека не можат...
Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле
Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17 часот.
Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле...
Во предметот физичко образование да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова
Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во...
Ушаков: Русија и САД водат дијалог за Украина врз основа на договорот од Анкориџ
Русија и САД разговараат за украинско решение врз основа на договорите постигнати во Анкориџ, потврди Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика, пренесе „РТС“.
- Ние со САД активно разговараме за украинско решение врз основа на договорите постигнати во Анкориџ. Веруваме дека ова е навистина добар пат за постигнување мирно решение - рече Ушаков.
Тој рече дека...








































