Судијката Груевска-Илиевска: Ќе дојдеме до правдата

Судење за несреќата во дискотеката „Пулс“ Во преполна сала во судницата на КПУ Идризово утрово почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица. - Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци” - вака го почна судењето судијката Диана Груевска-Илиевска по што се престави...

Најмалку 15 загинати во Виетнам поради обилни дождови и свлечишта

Во поројните дождови и свлечишта во изминатите три дена во Виетнам загинаа најмалку 15 лица, а 19 се повредени, соопштија денеска властите. Шест лица загинаа во централен Виетнам во понеделникот кога автобус беше зафатен од свлечиште и затрупан под земја и камења, соопшти Одделот за управување со брани и превенција од катастрофи на земјата. Речиси 20.000 куќи се поплавени, поради што...

Лекари и аптеки во Грција незаконски препишувале рецепти, нанеле штета од 12 милиони евра

Штета на грчкиот државен здравствен фонд во висина од околу 12 милиони евра нанеле 32 лекари и 62 аптеки преку незаконско препишување рецепти, а изречени се казни од 98.500 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓу другото, Управата за фармација ги...

Со „Лимениот барабан“ почнува 50. издание на МОТ

Со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, на сцената на МНТ, од вечерва стартува, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ. Јубилејното издание започнува со претстава во која има доминантно македонска авторска екипа, која го постави антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, „Лимениот барабан“. - Југословенско драмско позориште...

„Јон Вардар“ со награда во Њу Делхи

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата „Сребрен чин“, доделена од детското жири на 19. издание на детскиот филмски фестивал и форум „Чин“, кој се одржа од 9 до 14 ноември во Њу Делхи, Индија. Фестивалот „Чин“ е една од водечките азиски платформи посветени на детски филм и медиумска писменост. Организацијата, предводена од културните активисти...

Блажевски: Чест ми е што сум примен во „Куќата на славните“ на Универзитетот „Вингејт“

ПЛИВАЊЕ Марко Блажевски (33), едно од најголемите пливачки имиња на Македонија и олимпиец, е примен во „Куќата на славните“ на Универзитетот „Вингејт“ во Северна Каролина (САД), за кој настапуваше додека студираше во САД. При претставувањето на Блажевски како нов член на оваа институција, пред сѐ беа истакнати неговите заслуги во националниот тим на Македонија. Блажевски ги бранеше боите на Македонија...

Штип освои најмногу медали

КАРАТЕ - МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА Победниците обезбедија настап на ЕП 2026 Познати се македонските учесници на Европското првенство (ЕП) во Лимасол (Кипар), во февруари 2026 година, по одржаното Првенство на Македонија за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) во два дена во салата „Крсте Мисирков“ во Скопје, во организација на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ). На првенството...

Судијката Николоска беше дел од гранпри-турнирот во Загреб

ЏУДО Горди сме на нејзиниот успех, кој е успех и за македонското џудо, и со нетрпение ги очекуваме новите предизвици во 2026 година, велат од ЏФМ Македонската џудо-судијка Катерина Николоска викендов беше дел од гранпри-турнирот во Загреб (Хрватска), како дел од турнејата на Интернационалната џудо-федерација (ИЏФ). На овој престижен турнир учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од целиот свет. Николоска повторно...

Објавена студијата „Стрипот во Штип, стрипот од Штип (1958–2025)“ на Александар Стеванов

Како индустриски центар на источниот дел на републиката, стрипот во Штип го носат фабричките весници, меѓу кои „Македонка“, „Астибо“ и „Црвена ѕвезда“ Неодамна излезе од печат „Стрипот во Штип, стрипот од Штип (1958–2025)“, најнова истражувачка студија на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. За првпат досега на нејзините страници е обработена целокупната историја на настани поврзани со деветтата уметност во...

Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова

Во Камерната сала на Филхармонијата денеска, во 20 часот, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за...