„Нова Македонија“ е дел од трејлерот од најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал. Весникот може да се забележи на една минута и десет секунди од трејлерот.

Филмот ќе има премиера пред интернационалната публика в недела, а ќе биде прикажан осум пати во текот на фестивалските денови.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” е прв македонски филм избран во главната конкуренција на Берлинале, односно прв што се најде во главна селекција на филмски фестивал од А категорија по 25 години, по „Пред дождот“ во Венеција 1994 година.