Фото: Билјана Жаков

Рај за очите, спокој во душата – „Свети Јован Канео“ на Билјана Жаков е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија неделата.

– Пловејќи по мирната езерска шир, чии бои се прелеваат од тиркизна кон смарагдна, го доживувате ова место како рај на земјата. Тогаш пред вас на ридот спокојно ве пречекува црквата „Свети Јован Богослов Канео“ која во себе ги крие тајните на стариот Лихнид и тој спокој целозно ве обзема – вели Жаков.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фото: Билјана Жаков

📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.