Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, е меѓу јавните личности и политичарите што беа на денешната блокада на булеварот пред Владата, во која учествуваа граѓани што не се согласуваат со францускиот предлог.
На протестот беа присутни и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поранешниот македонски амбасадор Ивица Боцевски, универзитетскиот професор Самоил Малчевски и други јавни личности.
Апасиев на Твитер објави фотографија на која тој стои до неговиот автомобил пред Владата, истакнувајќи, веројатно на шега, оти „алфата“ му се расипала.
Ми се расипа Алфата пред Влада!#NoPasaran pic.twitter.com/9fWuAg5oE1
— Апасиев (@apasiev) July 8, 2022
Во рамки на денешниот протест, беа поставени блокади и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. А в недела е најавен нов протест под мотото „Ултиматиум, не благодарам“.