Во Младинскиот културен центар, со почеток во 19 часот, денеска започна првиот интернационален Скопски поетски фестивал.
На отворањето на фестивалот читаа поети на настанот наречен „Стихофренија“, тематско поетско читање посветено на народната поезија и фолклорот, а читањето беше музички поддржано од членовите на ВИС „Тркалезна маса“. Отворена е и ликовна изложба на која 16 ликовни уметници и графички дизајнери се претставија со свои дела.
На втори септември ќе се претстават поетите од странство, а ќе бидат емитувани и неколку куси поетски филмови.
Фестивалот е поддржан од град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје, како и од винарницата „Стоби“. Медиумски покровител е весникот „Нова Македонија“.