Сега постои реверзибилност, поглавјата не се затвораат и се предмет на постојано набљудување. Оттука, новата методологија ѝ овозможува на Бугарија да нѐ блокира, а уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го отстранат ветото.
Таквите ветувања се ветувања за мали деца, знаеме дека имаат можности, знаеме дека ќе ги искористат ако мислат дека треба да го направат тоа, проблемот настана кога власта ги туркаше сите овие договори без да се консултира со опозицијата и со јавноста. Начинот на кој преговараа Бугарија или Хрватска со Европската Унија не е ист. Променета е методологијата. Во минатото поглавјата се затвораа доколку се утврдеше дека земјата-кандидат ја усвоила и приспособила својата легислатива со онаа ЕУ. Сега постои реверзибилност, поглавјата не се затвораат и се предмет на постојано набљудување. Оттука, новата методологија ѝ овозможува на Бугарија да нѐ блокира, а уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го отстранат ветото.
Дека Бугарија ќе нѐ блокира покажуваат и сите досегашни политики на Софија, вклучувајќи ги и декларациите како онаа на поранешната бугарска влада. Дека има можност за вето и блокада покажува и примерот со Унгарија, која за свои интереси блокира многу иницијативи на Брисел.