Со ракометарите го ископавме патриотизмот затрупан на дното на нашите души

Не е само победата. Воопшто не е. Ракометарите ни ги стоплија срцата, ја разгореа онаа патриотска љубов во душите, бидејќи само во тие моменти Македонија е единствена. Тогаш, во тие моменти, нѐ сплотија со единствена желба – за Македонија

Убаво беше чувството да се биде Македонец победник деновиве и да се слуша и гледа македонскиот ракометен тим како со љубов, жар, посветено и со страст е на спортскиот ракометен терен, бранејќи ги дресот, грбот и знамето на својата татковина – Македонија. Уште попријатно беше да се гледаат навивачите како „грмат“ за Македонија, кои со развиорени знамиња и гласни грла навиваа за нашиот тим од длабочината на душите и срцата.
Тој патриотизам, кој доаѓаше интуитивно, и тоа како ни недостига во овие моменти на политичко разнебитување, во овие мигови на негирање на македонизмот и сѐ што е македонско.
Тој патриотизам, преку навивачкиот дух, како вирус се ширеше во секој Македонец и се разгоруваше при секој гол на младите момчиња. Македонците ги слават своите нови спортски херои, кои ги направија горди и чии подвизи на теренот ја разгореа љубовта кон Македонија и покажаа како треба да се сака и да се навива за својата земја.
Емотивни беа сите мигови на тајмаут, кога ракометарите во еден глас извикуваа „За Македонија“, а тоа неминовно се рефлектираше и во домовите на сите што будно и со тензичност ги следеа натпреварите.
Па, има ли нешто поубаво од она што ни го приредија младите ракометари на завчерашниот натпревар против швајцарскиот национален тим?
Секако дека не. Тоа чувство се доживува само во тие моменти и никогаш и никаде на друго место. Прво, од срце сакам да им ја честитам победата на младите и надежни момчиња, кои го оставија срцето на теренот.
Да не се лажеме, ни се падна една од најтешките групи, да се игра против Германија и Франција, кои важат за водечки во европски рамки и за едни од најдобрите ракометни репрезентации во светот, е навистина огромен предизвик, а токму момците покажаа дека се достојни за сите и дека нема пречка што не можат да ја поминат. Машки се бореа и ете доказ дека упорноста се исплати. Покажаа невидени квалитети, иако многумина од нив за првпат настапија и тремата и товарот што им тежеше на грбот беа преголеми, покажаа дека ништо не може да ги спречи.

Еве, за да доловам што всушност направија ракометарите на нашата репрезентација, морам да го споменам син ми, кој има шест години.  Tој плачеше од тага зошто ни дале гол, а врескаше и скокаше од среќа секојпат кога нашите ја затресуваа противничката мрежа. Трчаше низ собата врескајќи „Ајдеееее, Македонијааа“ и скокаше под
напливот на силната емоција – љубовта кон татковината

Иако играа ракомет, верувам дека не се ни свесни што всушност направија. Не е само победата. Воопшто не е. Ракометарите ни ги стоплија срцата, ја разгореа онаа патриотска љубов во душите, бидејќи само во тие моменти Македонија е единствена. Тогаш, во тие моменти, нѐ сплотија со единствена желба – за Македонија.
Во овие мигови кога сѐ поголема е поделбата на нашиот народ, во овие мигови на никогаш поголема разединетост, нивната победа значеше многу. Тие го кренаа моралот на целата нација, грмеше салата каде што играа, ама грмеше и секој дом во Македонија.
Еве, за да доловам што всушност направија, морам да го споменам син ми, кој има шест години. Тој плачеше од тага зошто ни дале гол, а врескаше и скокаше од среќа секојпат кога нашите ја затресуваа противничката мрежа. Трчаше низ собата врескајќи „Ајдеееее Македонијааа“ и скокаше под напливот на силната емоција – љубовта кон татковината.
Тоа наивно детско чувство на патриотизам ни е најпотребно на сите и може да се види само кај неизвалканата и чиста детска душа. Натпреварот нѐ потсети колку всушност си ја сакаме Македонија. Таа силна енергија едноставно беше невозможно да не се прелее и кај мене како родител. Само по неколку секунди се најдов себеси како врескам заедно со него.
Неописливо е чувството што се доживува во вакви ситуации, и тоа само во вакви случаи.
Затоа велам, ракометарите не се свесни што направија.
Затоа им благодарам и им се поклонувам. Им посакувам уште многу победи во иднина, преку кои ќе ни ги стоплат срцата, ќе го разгорат патриотизмот во секого од нас и ќе му покажат на светот дека имаме што да покажеме и дека сме достојни за секој предизвик поставен пред нас.

[email protected]