Континуитет или дисконтинуитет

Треба да се направи прекин на досегашниот надолен тренд на повеќе клучни полиња (читај ресори), а да се сочинат и практикуваат програми што ќе дадат резултат! Ако може инстантни радикални нови политики што „ќе кренат стрмо пругоре“ позитивен резултат, би било бинго, но, ако не, чекор по чекор, што е пореално. Имено, постепен нагорен тренд со дуплиран економски раст, па и двоцифрен, би било задоволително ефектуирање на сега предложените нови развојни политики. Во основа, можеби помалку е важно кој е првиот човек што го носи „портфељот“, ами повеќе е важен тимот што ги ефектуира политиките што даваат резултати и, се разбира, програмата. Токму тие политики и програми не препознаваат партиска боја, туку препознаваат национална боја, грб и химна. Нацијата односно граѓаните во прв ред и нивната благосостојба!

Мандатарот Димитар Ковачевски, спротивно на практиката на неговите претходници, веќе ги обелодени своите намери и во кадровскиот и во програмскиот дел, навестувајќи така континуитет на политиката на премиерот во заминување Зоран Заев. Дали тоа ќе има позитивен или негативен ефект за граѓаните, ќе се знае за нешто повеќе од две години, а можеби и порано. Но фер е да се даде разумно време! Реализацијата на програмскиот дел е секако многу поважна од кадровскиот. А за тоа треба малку и трпение.
Со оглед на општата состојба во која се наоѓа државата, а ако се погледне повеќе мандати наназад, со повеќето претходници на Ковачевски, тешко е да се најде материјал за градење оптимистички пристап. Меѓутоа, не треба ниту да се биде заколнат песимист. Но единствениот често споменуван континуитет што го остваруваа досегашните влади, за жал, беа надолните трендови во речиси сите области што ја дефинираат одржливоста, но и имиџот на општеството и на државата. Далеку од тоа дека тоа е континуитетот што треба да се задржи.
Напротив, треба да се стави точка. Односно, треба да се направи дисконтинуитет на гореспоменатиот тренд и во повеќе клучни полиња (читај ресори) да се сочинат и практикуваат програми што ќе дадат резултат. Ако може инстантно нагорен позитивен резултат, би било бинго, но, ако не, чекор по чекор, што е пореално. Имено, постепен нагорен тренд со дуплиран економски раст, па и двоцифрен, би било задоволително ефектуирање на сега предложените нови развојни политики.
Во основа, можеби помалку е важно кој е првиот човек што го носи „портфељот“, ами повеќе е важен тимот што ги ефектуира политиките што даваат резултати и, се разбира, програмата. Токму тие политики и програми не препознаваат партиска боја, туку препознаваат национална боја, грб и химна. Нацијата односно граѓаните во прв ред и нивната благосостојба! Препознавањето и спроведувањето на таквите програми и проекти е задача на секој избран или именуван државен раководител, но и основна задача за препознавање на таква квалитетна граѓа е и од страна на која било партија на која ѝ е даден мандат да се грижи за просперитетот на државата, институциите и на граѓаните.

Но, засега, од значително неповолниот економски и секаков друг амбиент што ќе влече рецидиви во периодот што претстои, предупредуваат сите релевантни меѓународни институции и организации. Во тесен процеп дефинитивно влетува идната влада, пред сѐ поради здравствената, економската и енергетската криза, потребата за решавање на спорот со Бугарија заради продолжување на евроинтегративниот процес. Но се наметнуваат и системските проблемски опашки. Се чини дека воспоставувањето системски, методолошки приод ќе биде клучот за почеток на решавање на сите гореспоменати предизвици. Одредени аналитичари што се упатени во менаџерските квалитети на новиот кормилар ја истакнуваат неговата вештина на досегашното системско управување, кое давало резултати. А и на состав на соработници од истиот калибар. Затоа, трпение и фокус! Извор на сите недоследности и вградени фелери се споменатите системски ограничувања и слабости: злоупотребите на власта, партизацијата на државата, криминалот и корупцијата, неефикасноста на институциите…, но и како голема пречка за справување со горенаведените проблеми и за ублажување на последиците што произлегуваат од нив.

Во тесен процеп дефинитивно влетува идната влада, пред сѐ поради здравствената, економската и енергетската криза, потребата за решавање на спорот со Бугарија заради продолжување на евроинтегративниот процес. Но се наметнуваат и системските проблемски опашки. Се чини дека воспоставувањето системски, методолошки приод ќе биде клучот за почеток на решавање на сите гореспоменати предизвици

Дали можеби треба да се размисли за редефинирање на листата на приоритети е нешто за што, се надевам, идните актери во владата веќе размислувале.
Затоа, нема премногу опуштање во фотелјите, иако стоте дена се пред нив. Да се искористат за детално планирање, анализа, дејствување и дејствување. Да се отворат сите чакри и сетила, да се восприемаат сигналите на граѓаните, на експертите, професорите, академиците, опозицијата и на сите добронамерни јабанџии, кои лесно се препознаваат. Просперитетот на државата и нацијата не е мисија само на новата влада. Тоа е заеднички именител и на сите политички фактори во земјава. За тоа сите се борат, но битките им се разликуваат. И патиштата до целта им се разликуваат, секако. Но целта им е иста! Затоа, патриоти, со здружени сили, да почнеме здружена работа. Брзо ќе видиме кого го бидува, а кого не, односно чија и која програма носи резултати. Тоа е мерлива материја.

[email protected]