Македонците нови Евреи во Европа

Веднаш ми забележуваш, драг читателу, дека сум тавтолог, дека имам колумна со истиот наслов објавена пред два-тринаесет години во „Дневник“. Да. Се согласувам. Но не станува збор за тавтологија, туку за варијација на иста тема: европскиот фашизам кон нас Македонците, кој по аналогија на нашиот идентитетски геноцид од страна на бриселските политидиоти нè истретира како Хитлер Евреите во логорите на смртта. А и понатаму нè третира така откако нè стави во гробница во Преспа 2018. Тоа беше европската грчка гробница стокмена за нас, а сега се копа пак со лопатите на нашите квислинзи во владата и европската бугарска гробница.
Туку одиме конкретно. Оваа колумна, драг читателу, во овој антрополошки правец на подготвување смрт на еден цел народ од страна на моќните колонизаторски нации на Западот ја мотивира нацифашистичкиот инцидент на Европското ракометно првенство на натпреварот меѓу Македонија и Германија во Берлин. Имено, тука на македонските навивачи на влезот од ракометната арена им беше одземено знамето со шеснаесетзрачното сонце, архетипски симбол на македонската душа уште од античко време. Знамето со кое Александар стигнал до Индија на исток и до египетските пирамиди и Халдеја на југ. Така, во Берлин на Македонците им беше одземена со знамето-архетип и душата. Со него како знак на препознавање за нивно ништење, тие се обележани слично како Евреите со Давидовата ѕвезда од страна на Хитлер во Втората светска војна.
Тоа што се случи во Берлин е со еден збор, драг читателу, гнасен цивилизациски скандал. Македонците се гонат како ѕверови во оваа безбожна цивилизација, безмалку слично како што ги гонеше во античко време христијаните Нерон во Рим, чиј легитимен наследник според цивилизациска суровост денес е колонијалистичка Европа. Берлинскиот нацифаши настан (џабе Гоце го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите) е телескопскиот микроплан на сликата за која станува збор. Но постојат и многу микроситуации и слики за новиот европски фашизам кон нас, кој почнувајќи од 1913 година наваму се повторува во циклуси. Една таква микрослика и микроситуација пак со шеснаесетзрачното знаме, драг читателу, што ми испловува во свеста има интимен, семеен карактер. Неа ја споделувам сега со тебе затоа што таа силно коинцидира со нацифаши настанот во Берлин и се однесува на нашата колективна болка и трагедија. Конкретно, анегдотата е поврзана со син ми Филип, кој во гимназија учеше германски јазик и по завршувањето како вљубеник во германската поезија, култура и филозофија одлучи да студира медиевалистика на Универзитетот во Бамберг, еден од најдобрите во Европа за тоа подрачје. Нормално, за да ја добие стипендијата тој мораше да го помине приемниот испит во вид на специјално интервју во германската амбасада во Скопје.

И што се случи? Филип отиде на испитот со багажот на својот интелект, но (потоа испадна за малер) и со својата сина платнена торбичка на која беше аплицирано шеснаесетзрачното сонце од Кутлеш. И налета на карпа. Госпоѓата испрашувачка, аташе за култура во германската амбасада по оној стручен дел што Филип одлично го минал, запнала за апликацијата на знамето на торбичката, симболот што ѝ се учинил страшен. Според сè, да бил кукестиот германски крст, кој сè уште лежи како талог во германската психа, можеби и ќе ја преминел препреката Филип, кој на прашањето на аташерката што ќе му е тоа знаме, тој убаво ѝ одговорил дека тоа е архетипскиот национален симбол со кој се поистоветува идентитетски така како што се поистоветуваат Германците со нивното знаме. (Тука, по берлинскиот нацифаши настан на Европското ракометно првенство, драг читателу, воленс-ноленс се прашувам: кое.) Исходот од испитот во амбасадата, разбирливо, завршува негативно по Филип. Поради знамето не ја добива стипендијата за студии во Бамберг. Но тој како што е дијамантска карпа во карактерот е упорен. Презимува една зима и следната година повторно се пријавува за стипендијата во германската амбасада. И пак со сината торбичка и шеснаесетзрачното сонце аплицирано на неа. Тоа некој би го нарекол, драг читателу, храброст, а јас го нарекувам карактер или генетски код втиснат од Господ. Но сега во пликот Филип носи препорака од неговиот професор по германистика на скопскиот универзитет Петар Рау, инаку страсно вљубен во Македонија, небаре во минатиот живот бил Македонец, и тивок борец за македонските права. Во препораката професорот Рау, покрај неговото изјаснување за интелектуалниот капацитет на кандидатот за бамбершката стипендија, ја подвлекол и неговата карактерна доблест, за на крајот да ѝ сугерира на комисијата за проверка дека треба да стои настрана од некои провокации што не се во согласност со критериумите на стипендијата. Едноставно со тоа дал на знаење дека е запознаен со неправдата што му е нанесена на кандидатот поради знамето.

Така, Филип ја добива праведно стипендијата и заминува во Бамберг, каде што по четири години ги завршува студиите по медијавелистика со одличен успех, а потоа со одличен успех на германски го одбранува и својот магистерски труд. Потоа направи „грешка“, благодарение и на нас родителите, си дојде како родољуб во Татковината и тука удри во ѕид. Виде: и глувчешките дупки дури беа исполнети со мамини и татини синови и разни партиски типови од врвот до најдолниот ешалон. Неколку години нормално разочарување, а потоа отиде како предавач и докторанд на Универзитетот во Јуџин-Орегон во Америка. Излезе дека тука не вреди, но некој дури од зад Океанот оддалеку ја прочита неговата вредност.
Доволно. Го раширивме полето на контекстот и со нашето политбирократско и политидиотско мочуриште во кое се уништени здравата флора и фауна, а има место само за бишките и жабите што виреат задоволно од калта како нивна природна состојба. Па, и со знамето од Кутлеш што е за здравите Македонци архетип на нивната душа, тетовиран од Господ знак на нивната колективна ДНК, зарем можеме да очекуваме од нашите квислиншки политичари во владата и власта, од сите заевоковачепендаровци (да ги оставиме настрана црните двоорлести глави на Бујар, Али и компанија; нив ги болат, како што би рекол Ковачевски на англиски, буолсите за македонскиот идентитет) да реагираат за бруталниот цивилизациски идентитет на Ороспијата во Берлин. Како ќе го сторат тоа кога и самите им го забрануваат тоа сонце на неизродените како нив Македонци? Како? Па, тие наместо да реагираат на берлинскиот нацифаши настан, него веројатно го земаат како потврда на својата демек европска политика. Оти тие ја знаат само Европа на Урсула фон дер Лајен со екстремно светла облека и темна душа, на Олаф Шолц, Макрон, Јоханес Хан со неговите „балкански методи“ и сличните несреќни европски пробисвети што го тероризираат со некоја во секој случај глупава политпедагогија Западен Балкан (глупаво именуван така од нив), што е сега нивна и американска колонија.
И пак отидовме во бескрајниот контекст по повод берлинскиот настан со македонското знаме, драг читателу. Но сè се вклопува во средишната линија на темата, на понижувањето на помалите и послабите од страна на големите и моќните. Во случајот западните колонизаторски нации. Македонците се сега најмногу на удар, оти во Европа, која се фали пред целиот свет со својата „демократија“ и „хуманизам“, се случува идентитетски геноцид само врз еден народ во неа, врз македонскиот. И примерот со одземањето на генеричкото македонско знаме од македонските навивачи на Европското ракометно првенство во Берлин го потврдува тоа, дека тоа е како што мисли Европа (Западна за да нема забуна) за неа безимен народ, народ на идентитетски мртовци без сопствена генеза и културно-цивилизациски печат. А тоа, всушност, ако се свесни бриселските политичари, ја деградира Европа како цивилизација. Но во случајот со македонското генеричко знаме сега индикативно е што тоа сепак се вееше на натпревари во другите европски земји.

Сега Германија е првиот драстичен случај на негово брутално одземање од македонските навивачи, што е еднакво на корнење на нивното срце. А тоа е многу индикативно, драг читателу. Воленс-ноленс тука мора да се запрашаме дали со тој чин не се буди пак, како што би рекол Јунг, темната сенка во германската душа, која во Втората светска војна исплови на површина со знамето со кукест крст. Потоа, дали потсвесно Германците не го поистоветија македонското шеснаесетзрачно сонце со него, иако тоа не е симбол на злото туку на светлината и обединување на светот без ропство, космополитскиот проект на Александар Македонски, кој го присвојуваат Грците како свој? Многу, до бескрај дали. Оти, пак, ако Германците потсвесно го препознале по некоја аналогија кукестиот крст во него, може и немало него да им го одземат на македонските навивачи. Да. Тука има Гордиев јазол, кој тешко ќе се одврзе освен да се пресече со меч, како што го сторил веќе тоа еднаш Александар Македонски, кого вавилонската блудница од Брисел иако е Македонец го смета за Грк, еден од најголемите, но и најглупави парадокси, надвор од секоја логика, на западната мефистофелска цивилизација.
Ултрацрвено. Крај, драг читателу. Должни сме да му се извиниме на весникот ако пак претеравме со просторот. Тоа ни е мана. Само уште да ја завршиме колумната со некој слоган како поента на сè што е кажано напред. А тука мислам нема простор за двоумење: „Смрт на фашизмот, слобода на народот“. Господине Шолц, дали ви се допаѓа паролата?