Прок­лет­ство­то на сре­ди­на­та на ман­да­тот (По­бе­ди­те Пи­ро­ви – по­ра­зи­те за­ка­ну­вач­ки)

Не­сом­не­но де­ка Зо­ран За­ев вне­се еден нов по­ли­тич­ки на­ра­тив, кој не се по­вр­зу­ва со ми­на­то­то, ту­ку е свр­тен кон ид­ни­на­та, но ски­на­ти­те кон­ци на до­вер­ба­та ќе се вле­чат зад не­го и не­го­ва­та пар­ти­ја уште дол­го вре­ме. Пре­зе­ме­ни­от ри­зик за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да не е ле­сен по­ли­тич­ки и тех­нич­ки про­цес, уште по­мал­ку ве­ту­вач­ки де­ка на­ви­сти­на не­што го­ле­мо пре­ку­ноќ ќе се про­ме­ни

По ле­тот над Олимп, по до­стиг­ну­ва­ње­то на по­ли­тич­ки­те олим­пи­ски ви­со­чи­ни, пре­тсе­да­те­лот на Вла­да­та на Се­вер­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја Зо­ран За­ев се спу­шти на зем­ја. По мно­гу­број­ни­те јав­ни ме­ѓу­на­род­ни вер­бал­ни по­фал­би што не ги до­жи­ве­ал ни­ту еден по­ли­ти­чар од Ма­ке­до­ни­ја за спо­год­ба­та од Прес­па за про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та, по пред­ло­зи­те за но­ми­ни­ра­ње и до­би­ва­ње Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир, по се­ри­ја­та сред­би со го­ле­ми­те европ­ски ли­де­ри, се вра­ти во но­во­и­ме­ну­ва­на­та др­жа­ва. За жал, не­го го пре­че­ка ста­ра­та, су­ро­ва ма­ке­дон­ска ре­ал­ност, ко­ја не ја за­бе­ле­жу­ва­ше или со до­бро­на­мер­на си­ла се тру­де­ше да ја на­пра­ви по­и­на­ква одо­што е.

По ре­чи­си дол­го вре­ме об­ја­ву­ва­ње, спо­ред не­го, ра­дос­ни ве­сти за гра­ѓа­ни­те, овој прог­ла­сен ју­нак на на­ше­то вре­ме, ви­де де­ка со­стој­би­те во др­жа­ва­та не се та­кви ка­кви што беа офи­ци­јал­но при­ка­жу­ва­ни или ка­кви што не­му му ги при­ка­жу­ва­ле бли­ски­те со­ра­бот­ни­ци и ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри. Ве­сти­те и на­ста­ни­те што го пре­че­каа по дол­ги­от пат низ ме­ѓу­на­род­ни­те ла­ви­рин­ти не се нај­таж­ни, но не се и за ра­ду­ва­ње. И са­ми­от уви­де де­ка по ни­за­та по­бе­ди дој­де пер­и­од на не­кол­ку, што сит­ни што по­круп­ни, по­ра­зи што ги до­жи­ве­а­ја и пар­ти­ја­та што ја пред­во­ди и Вла­да­та на чие че­ло е ве­ќе две пол­ни го­ди­ни.

По­бе­ди­те беа Пи­ро­ви, по­ра­зи­те за­ка­ну­вач­ки и за пар­ти­ја­та и за Вла­да­та, по тра­е­ње­то на не­го­ва­та власт. На­ја­ве­ни­те чу­де­сии не се ос­тва­ри­ја, оп­ти­ми­стич­ки­те ве­ту­ва­ња оста­наа без по­кри­тие. Пла­ти­те не стиг­наа до 500 евра про­сек, зло­у­по­тре­би­те на тен­де­ри­те не за­преа, бом­би­те не за­молк­наа, др­жа­ва­та не заз­дра­ву­ва и по си­те да­де­ни нуж­ни ле­карс­тва и при­ме­ни те­ра­пии. Пар­ти­ски­те дру­га­ри се за­мо­ри­ја не мо­жеј­ќи да го сле­дат не­го­во­то сприн­тер­ско тем­по, не­кои од ми­ни­стри­те про­тро­ки­раа или се др­жат во лер. Пар­ти­ја­та и со не­го не се из­ле­чи од ста­ри­те бол­ки ка­кви што се тра­ди­ци­о­нал­на­та аро­ган­ци­ја ко­га е на власт, ме­ѓу­себ­ни­те пар­ти­ски под­буц­ну­ва­ња и под­мет­ну­ва­ња ка­ко и од не­ма­ње­то изо­стре­но чув­ство за на­род­ни­те ма­ки и по­тре­би. На ме­ѓу­на­ро­ден план НАТО се бли­жи, ЕУ се од­да­ле­чу­ва од пред­ви­де­на­та и по­са­ку­ва­на ор­би­та.

На Се­вер ни­што но­во. Зо­ран За­ев не го из­бег­на прок­лет­ство­то на сре­ди­на­та на ман­да­тот што ја сле­ди се­ко­ја вла­да на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко што се слу­чу­ва кри­за во сред­ни­те го­ди­ни од жи­во­тот на лу­ѓе­то, на ма­жи и же­ни, та­ква кри­за до­жи­ву­ва и Вла­да­та, ако се има пред­вид де­ка и таа е сво­е­ви­ден жив ор­га­ни­зам. Ако се пог­лед­не кра­тка­та хро­но­ло­ги­ја на овој нај­ви­сок ад­ми­ни­стра­ти­вен ор­ган на др­жа­ва­та ќе се уви­ди де­ка не­ма вла­да, ко­ја кон сре­ди­на­та на ман­да­тот не до­жи­ве­а­ла кри­за, не на­пра­ви­ла ма­ли или го­ле­ми ка­дров­ски про­ме­ни и ро­та­ции во сво­и­те со­ста­ви. Вла­ди­те не па­ѓа­ле, но се одр­жа­ле бла­го­да­ре­ние на сме­на на ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, (рас­ки­ну­ва­ње со ед­ни, брат­ска љу­бов со дру­ги), на не­о­че­ку­ва­ни ре­кон­струк­ции, ка­дров­ски пре­рас­по­ре­ду­ва­ња и ми­ни­стер­ски сме­ни, на но­ви лаж­ни ве­ту­ва­ња, на шмин­кер­ски по­те­зи. Се­ка­ко де­ка не смее да се за­бо­ра­ви и „мо­де­лот“ на по­тку­пи на пра­те­ни­ци во раз­на ма­те­ри­јал­на и не­ма­те­ри­јал­на фор­ма, што ста­на ја­вен чин во ма­ке­дон­ска­та со­бра­ни­ска (пар­ла­мен­тар­на) пра­кти­ка. Поч­ну­вај­ќи од ле­ген­дар­ни­от Ам­ди Ба­јрам пре­ку осумт­те­ми­на вмров­ски „пре­дав­ни­ци“ до си­те оние про­стос­мрт­ни фа­те­ни во оро­то на не­по­тиз­мот, на­вод­на бо­лест што не е ни­ту но­ва, ни­ту ќе се из­ле­чи.

Со иск­лу­чок на пр­ва­та вла­да на Ни­ко­ла Кљу­сев, ко­ја не до­че­ка по­ве­ќе од 12-13 ме­се­ци, си­те дру­ги на по­ло­ви­на­та од че­ти­ри­го­диш­ни­от ман­дат се наш­ле во по­зи­ци­ја да им се за­ка­ну­ва па­ѓа­ње од вла­ста и за­ми­ну­ва­ње во опо­зи­ци­ја. Пр­ва­та вла­да, изг­ла­са­на на из­бо­ри­те во 1994 го­ди­на, што ја пред­во­де­ше Бран­ко Цр­вен­ков­ски од Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, дра­ма­тич­но се про­ме­ни кон по­че­то­кот на 1996 г. по рас­ки­ну­ва­ње­то на ко­а­ли­ци­ја со ли­бе­ра­ли­те на Сто­јан Ан­дов, а не­што по­доц­на и со от­стра­ну­ва­ње­то од Вла­да­та на Љу­бо­мир Фрч­ков­ски и не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци. Уште по­не­о­че­ку­ван бе­ше рас­па­дот на ко­а­ли­ци­ја­та ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и Де­мо­крат­ска ал­тер­на­ти­ва, ко­ја убед­ли­во по­бе­ди на из­бо­ри­те во 1998 г., а тра­е­ше до 2000-та. Вто­ро­то до­а­ѓа­ње на че­ло на Вла­да­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски се пре­ки­на на по­ло­ви­на пат ко­га тој од пре­тсе­да­тел на Вла­да­та ста­на пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та по тра­гич­на­та смрт на Бо­рис Трај­ков­ски. Вла­ди­те на Ха­ри Ко­стов и на Вла­до Буч­ков­ски беа во кри­за уште пред да поч­нат да ра­бо­тат и не слу­чај­но нив­ни­те ман­да­ти за­вр­ши­ја со вид­лив крах. И Ни­ко­ла Гру­ев­ски во пр­ви­те го­ди­ни од ман­да­тот, кој не са­мо од сво­и­те со­пар­тиј­ци, ту­ку и по­ши­ро­ко бе­ше воз­диг­ну­ван во об­ла­ци ка­ко су­пер­по­ли­ти­чар и еко­ном­ски хе­рој, во сре­ди­на­та на­пра­ви ко­пер­ни­кан­ски пре­сврт – ја на­пу­шти ко­а­ли­ци­ја­та со Мен­дух Та­чи и од 2008 го­ди­на, без­мал­ку де­сет го­ди­ни бе­ше во ко­а­ли­ци­ја со ДУИ на Али Ах­ме­ти.

Во овој кон­текст ин­те­рес­но е да се спо­ме­не де­ка, за раз­ли­ка од ман­да­ти­те на вла­ди­те, до­ста по­трај­ни се ман­да­ти­те на пре­тсе­да­те­ли­те на вла­де­јач­ки­те пар­тии. Ан­дов на че­ло на ли­бе­ра­ли­те бе­ше ре­чи­си два­е­сет го­ди­ни, исто тол­ку Цр­вен­ков­ски на СДСМ, Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски со пр­во­то ВМРО бе­ше 13 го­ди­ни, Гру­ев­ски со вто­ро­то вла­де­е­ше 15 го­ди­ни, (ако не вла­дее и се­га од Бу­дим­пе­шта), а Али Ах­ме­ти го во­ди ДУИ 18 го­ди­ни, сме­тај­ќи го и не­го­ви­от во­ен пер­и­од, ко­га на­ме­сто пар­ти­ја во­де­ше во­о­ру­же­на ор­га­ни­за­ци­ја. Ме­ѓу до­а­је­ни­те со долг пар­ти­ско-ко­а­ли­ци­ски стаж, се­ка­ко, се вбро­ју­ва и Љу­би­сав Ива­нов-Ѕин­го со не­го­ва­та Со­ци­ја­ли­стич­ка пар­ти­ја.

Исто­ри­ја­та се по­вто­ру­ва, на ист на­чин, но во раз­лич­на фор­ма и со раз­лич­ни акте­ри. На сре­ди­на­та од ман­да­тот, За­ев без да рас­ки­ну­ва ко­а­ли­ции се оби­ду­ва да на­пра­ви, (ако на­пра­ви) по­се­ри­о­зен пре­сврт и во пар­ти­ја­та СДСМ и во Вла­да­та. Но од пре­свр­тот не­ма да се ви­ди ни­што зна­чај­но ако таа кам­па­ња се све­де са­мо на сме­на на лу­ѓе, ако не се сме­нат мо­де­лот, при­ста­пот, фи­ло­зо­фи­ја­та на вла­де­е­ње­то на СДСМ ко­га е на власт, ако не се на­пра­ви она што пи­шу­ва во неј­зи­на­та про­гра­ма и во неј­зи­ни­те из­вор­ни до­ку­мен­ти. И ако не се сфа­ти де­ка по­ми­на дол­го вре­ме, де­ка ве­ќе не функ­ци­о­ни­ра­ат из­го­во­ри­те и оправ­ду­ва­ња­та со прет­ход­на­та ло­ша власт и со не­кон­стру­ктив­на­та опо­зи­ци­ја.

Не­сом­не­но де­ка Зо­ран За­ев вне­се еден нов по­ли­тич­ки на­ра­тив, кој не се по­вр­зу­ва со ми­на­то­то, ту­ку е свр­тен кон ид­ни­на­та, но ски­на­ти­те кон­ци на до­вер­ба­та ќе се вле­чат зад не­го и не­го­ва­та пар­ти­ја уште дол­го вре­ме. Пре­зе­ме­ни­от ри­зик за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да не е ле­сен по­ли­тич­ки и тех­нич­ки про­цес, уште по­мал­ку ве­ту­вач­ки де­ка на­ви­сти­на не­што го­ле­мо пре­ку­ноќ ќе се про­ме­ни. Упо­тре­ба­та на мет­ла­та, таа не­среќ­но при­фа­те­на, про­стач­ка и при­ми­тив­на ме­та­фо­ра, што го чи­сти нај­пр­вин сопс­тве­ни­от двор, не мо­ра да зна­чи поч­ну­ва­ње на нов ве­сел, сре­ќен ден. Ра­зум­ни­от оп­ти­ми­зам во оваа ак­ци­ја мо­же­би е по­тре­бен, пре­те­ра­ни­от знае же­сто­ко да се од­маз­ди.

Се­га е ви­стин­ско­то, се­га се по­ста­ву­ва клуч­но­то пра­ша­ње пред За­ев и пред Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз. А тоа е да­ли пар­ти­ја­та ќе ја но­си др­жа­ва­та на­пред или др­жа­ва­та (Вла­да­та) на­ско­ро ќе ја зга­зи пар­ти­ја­та.

pande.k@novamakedonija